Почетна » македонски јазик » Предмет (директен, индиректен, удвоен, предлошки)

Предмет (директен, индиректен, удвоен, предлошки)

1. Директен предмет е именски член во реченицата врз кој преминува дејството на прирокот, тој е трпителот, подносителот на дејството. Се наоѓа со прашањата: што? и кого?
            Предметот најчесто е именка или долга заменска форма.
            На пр.: Тој игра кошарка. (што игра? – кошарка – директен предмет).
            Удвојувањето на предметот (директниот и индиректниот) е карактеристичен за македонскиот јазик и многу често се употребува.
            Удвоен директен предмет значи дека сме употребиле покрај предметот и кратка заменска форма.
            На пр.: Јас почитувам постари луѓе. (кого почитувам? – постари луѓе).
            Но, наместо само директен предмет ние многу почесто ќе употребиме :
            На пр.: Јас ги почитувам постарите луѓе. или: Јас ги почитувам нив.
            Што значи дека ќе употребиме кратка заменска форма (ги) и ќе го членуваме предметот. На тој начин сме го удвоиле предметот.
            За директен предмет ги употребуваме личните заменки за предмет:
            едн.:мене, ме; тебе, те; него, го; неа, ја: мн.: нас, нè; вас, ве; нив, ги.
            2. Индиректен предмет е реченичниот член кон кој е упатено, насочено глаголското дејство или е цел на дејството. Со него секогаш се употребува предлогот на.
            Се наоѓа со прашањето: кому?(на кого?)
            За индиректен предмет ги употребуваме дативните лични заменски форми:                            едн.: мене, ми; тебе, ти; нему, му; нејзе, ù ; нам, ни; вам, ви; ним, им.
            Индиректен удвоен предмет значи дека сме го употребиле предметот и кратката заменска форма.
            На пр.: Јане ù подари на Сања цвет. (кому му подари? – на Сања ù подари).
            3. Предмет со предлог е реченичен член кој се врзува со прирокот со било кој предлог. Се наоѓа со прашањата: што? и кого? и предлогот што е употребен.
            На пр.: Ќе одам на роденден кај него. (кај кого? – кај него).
            Не можам да живеам без тебе. (без кого? – без тебе).
            Ме удри со камен. (со што? – со камен).
            Предлошкиот предмет е многу сличен со додатоците на прирокот за околности. Во примерот: Ќе одам на роденден кај него.- може да прашаме: каде? – кај него, па во тој случај имаме додаток за место.
Scroll to Top