Почетна » Новости » Информација за државна матура 2020

Информација за државна матура 2020

Информација за државна матура 2020

 

Содржината на тестот за матурскиот испит по македонски, албански и турски јазик и литература ќе биде иста, како и претходната испитна сесија.

И оваа испитна сесија ќе се проверуваат знаењата и умеењата на учениците во предвидените способности кои се дел од испитната програма.

1. Способноста книжевна анализа ќе се проверува со прашања од :

  • Теорија на литература;
  • Национална книжевност;
  • Светска книжевност.

Поставените барања кои ќе бидат дел од тест прашањата се содржани во испитната програма.

2. Способноста читање со разбирање ќе се проверува со прашања поврзани со:

  • Два (2) текста со различни теми

 

3. Способноста пишување ќе се проверува преку пишување на 1 текст.

Државната предметна матурска комисија (ДПМК по македонски, албански и турски јазик и литература) одлучи, кандидатите ученици да имаат можност да изберат да пишуваат на една од две понудени теми, на самиот ден на испитот.

Темите на кои ќе треба да се пишува го опфаќаат општествено-социјалниот живот на човекот со акцент на сфаќањето на младите на посочените општествено-социјалните услови.

Учениците во пишување на текстот ќе треба:

  • Внимателно да ги прочитаат насловот и насоките за да можат правилно да го разберат барањето на темата;
  • Да ги користат насоките кои ги добиваат заедно со насловот и истите да ги распределат во композицијата на текстот (вовед; главен дел; заклучок);
  • Да знаат дека одговорите на насоките се поврзани со критериумите за оценување.

Сугестии за пишување на текст може да се најдат и да се прочитаат на веб-страницата www.matura.gov.mk  и документите:

 

4. Подрачјето јазик ќе се проверува со прашања од темите содржани во испитната програма.

Информација

Испитната програма по македонски јазик и литература може да ја видите на следнава ВРСКА.

Scroll to Top