Лозарите се припадниците на Младата македонска книжевна дружина што го издавала списанието „Лоза“.
Тоа се: Петар Поп Арсов, Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Крсте Петков Мисирков, Војдан Чернодрински, Христо Матов, Иван Хаџи Николов, Ѓорѓи Баласчев, Димитар Мирчев и многу други.
Лозарите ги продолжиле македонистичките заложби на Ѓорѓија Пулевски, за посебен македонски литеартурен јазик. Во списанието примениле поупростен правопис, исфрлајќи ги непотребните знаци.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Со своите ставови, заложби и конкретни примери во списанието, лозарите се вистински претходници на Мисирков.
Формирањето на Младата македонска книжевна дружина
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Ставовите на Дружината
Програмските принципи на Дружината напишани 1892 г. се:
.
„…човекот има потреба од татковината и од народот, но и татковината има потреба од човекот; денес татковината има потреба од нас.“
„Благодарение на последните политички настани на нашиот Полуостров и географската положба на Македонија, денеска таму се собрале севозможни надворешни елементи кои, воодушевени од своите за нашата иднина разурнувачки планови и интереси, слободно и со трескава енергија го засолуваат антагонизмот, кој и без тоа постои во земјата. Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од грабливите посегнувања.“
„Но, во денешнава состојба ние не можеме да извршиме слично дело; за тоа нам ни се потребни сили, а нашите се разнишани, раздробени. Значи, треба да се обединиме, да ги собереме во една општа, моќна сила – народна сила, ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина.“
Дружината го издавала списанието „Лоза“ (1892 – 1894) и затоа се познати како лозари (Лозарско движење).
Во лозарите членувале:
Петар Поп Арсов; Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Крсте Петков Мисирков, Војдан Чернодрински, Христо Матов, Иван Хаџи Николов, Ѓорѓи Баласчев, Димитар Мирчев и мн. други.
Основната идеја на лозарите јасно е искажана од Темко Попов:
„И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Блгарин иљи Србин.“
Списанието излегувало едвај две години, односно, отпечатени се 6 броја (од кои едниот е двоброј).
Во првиот број на почетокот стои мотото од Софокле:
„Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина“.
Јазикот во списанието „Лоза“
Лозарите придонесуваат за значително упростување на македонскиот правопис и за отфрлање на одделни старословенски букви што не покривале реален глас (на пример, еровите и носовките, кои во тоа време се употребувале во бугарската азбука). Тие ги продолжиле македонистичките заложби на Ѓорѓија Пулевски, а биле претходници на Крсте Петков Мисирков.
Нејзините членови продолжиле да работат на оваа идеја, секој придонесувајќи на свој начин.
По растурањето на Дружината и забраната на списанието „Лоза“
Со интервенција на турските власти и овој потфат на Македонците бил задушен.
Следната, 1893 г. во Белград К. П. Мисирков го формирал друштвото „Вардар“ со свое списание, кое подоцна прераснало во значајното „Руско другарство“.
На почетокот од 20 век, 1902 г. Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски и други Македонци, го формираат Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (Русија) каде го издаваат весникот „Македонски глас“.
Овие двајца најсилно ќе го кренат својот глас за слобода и самостојност на Македонија.
Седум месеци пред фамозниот Букурешки договор во кој Македонија е распарчена и подарена на нашите соседи, делегација од ова друштво, во министерството за надворешни работи на Велика Британија и на сите амбасадори во Лондон, носи Меморандум за независност на Македонија.
Димитрија Чуповски ја изработил етничката карта на Македонија во боја со сите специфичности што аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија.
Крсте Петков Мисирков
Формирањето литературни другарства и издавањето весници и списанија бил единствениот легален начин за здружување на македонската интелигенција. На тој начин ги искажувале своите ставови и се бореле за слобода и самостојност на татковината.
Крсте Петков Мисирков, искален во ваквите македонски здруженија и нивни водач, ја напишал книгата „За македонцките работи“, отпечатена во Софија 1903 г., каде во петтата статија ја дал основата за идниот македонски литературен јазик (а во другите ги анализира состојбите во Македонија и причините за неуспехот на Илинденското востание).
- Почетоци на словенската писменост
- Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици
- Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови) – прва половина на 19 век
- Македонскиот јазик во средината на 19 век (Учебникарската дејност)
- Македонскиот јазик во втората половина на 19 век
- Лозарите – претходници на Мисирков
- Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“ (почеток на 20 век)
- Македонскиот јазик меѓу двете светски војни
- Македонскиот јазик за време на НОБ
- Улогата на Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот јазик
- Развој на македонскиот гласовен систем
- Развој на македонскиот граматички систем