Македонскиот јазик во втората половина на 19 век го следиме преку претставниците на македонскиот романтизам (Преродбата во Македонија).
Претставници на Преродбата се: Димитар и Константин Миладинови, Рајко Жинзифов, Григор Прличев; собирачите на народни умотворби Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други.
Втората половина на 19 век се карактеризира со изградување национална свест и стремеж за посебен македонски литературен јазик.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Колебањата за употреба на македонскиот народен јазик кај нашите автори од времето на романтизмот е очигледна.
Константин Миладинов своите песни ги пишува на народен јазик, струшки говор, но останатите се обидуваат да направат некаков компромис.
Рајко Жинзифов дел од своето творештво го пишува на родниот велешки говор, но поголем дел од песните ги пишувал на мешан македонско-бугарско-руски јазик. Уште подалеку во оддалечувањето од својот јазик оди Григор Прличев. Тој сакал да направи еден словенски есперанто, заеднички јазик за сите словени. На тој јазик се обидел и да ја препее својата поема „Сердарот“.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Општествено-политичките прилики во Македонија во втората половина на 19 век
Со векови Македонците си ја чувале својата традиција (јазикот, обичаите – за раѓање, свадби, умирачки, празници итн., ги пренесувале знаењата од татко на син, ги прераскажувале најстарите верувања, приказни и песни).
Приликите кај македонските соседи
1. На нашиот јужен сосед ослободувањето од Османлиското владеење му било најлесно. Зашто тогаш, исто како и денес, зад нив стоеле големите сили (Русија, Англија, Франција).
Така пишува и во нивната историја, од 1821 почнува „народноослободителната“ борба со помош на големите сили. Во 1827 година помошта се зголемува со отворено вклучување на Французите.
1829 година Турција ја признава делумната независност на Грција, а во 1832 година големите сили му го понудиле кралскиот грчки престол на баварскиот принц Ото фон Вителсбах.
2. Србија се ослободила од турското владеење во 1867 и станала Кнежество Србија, а на Берлинскиот конгрес 1878 година била меѓународно призната и пресреќна што неочекувано и ги додале териториите на Јужна Морава. Тогаш не станувало ни збор дека јужно од кнежеството, на територијата на Македонија живееле Срби кои уште не се ослободиле од Турците, а и самото кнежество немало никакви претензии кон таа територија.
3. До 1878 година Бугарија спаѓала во Отоманската провинција Румелија. Таа година Русија сакајќи да создаде свој сателит на Балканот решава да направи голема бугарска држава. Во Руско-турската војна ја освојуваат Софија и во Сан Стефано на 3.3. 1878 се потпишува договор меѓу Русија и Турција каде е создадена Голема Бугарија која ја опфаќала територијата на Македонија, Мизија, Тракија и Добруџа.
На Британската Империја, а и на соседните држави (Србија и Грција) не им се допаднала таква голема балканска држава, па на Берлинскиот конгрес во јуни/јули истата година е одлучено Македонија и Тракија да останат во Османлиското Царство, а јужниот дел од Бугарија, Источна Румелија под османлиска управа.
Апетитите на соседите кон Македонија
Очигледната ненаклонетост на големите сили кон Македонија (и нивните скриени планови за нејзината иднина) им даваат кураж на нашите соседи да ги пуштат своите пипци и секој за себе да се бори за приграбување на што поголема соседна територија. Така започнува силната балканска пропаганда во Македонија.
На бугарската црква ѝ даваат самостојност со што се формира Бугарската Егзархија. Таа ја потиснува Грчката Патријаршија од Македонија. (Ова значи дека во Македонија грчките владици се заменети со бугарски, односно, од грчко, во црквите влијанието станува бугарско). Се разбира дека во Македонија сакале да ја обноват Охридската Архиепископија (односно самостојната Македонска црква), но за такво нешто големите сили не сакале ни да слушнат.
Србија, пак, почнала да испраќа српски учители во Македонија и да прибира Македонци на школување во Србија.
Во овој период настанува вистинска борба за Македонија и за асимилирање на нејзиното население (бугаризирање, србизирање и грцизирање).
За жал, таа борба на почетокот и првата половина на 20 век уште повеќе се разгорела и прераснала во две Балкански војни – по кои се запечатува судбината на Македонија (со амин од големите сили).
- Почетоци на словенската писменост
- Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици
- Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови) – прва половина на 19 век
- Македонскиот јазик во средината на 19 век (Учебникарската дејност)
- Македонскиот јазик во втората половина на 19 век
- Лозарите – претходници на Мисирков
- Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“ (почеток на 20 век)
- Македонскиот јазик меѓу двете светски војни
- Македонскиот јазик за време на НОБ
- Улогата на Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот јазик
- Развој на македонскиот гласовен систем
- Развој на македонскиот граматички систем