Литературата се дели според неколку критериуми.
1. Во минатото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат.
Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:
– народна (анонимна, колективна, усна) и
– уметничка (авторска).
– уметничка (авторска).
2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:
– поезија (стих), и
– проза.
– проза.
Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот говор.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци, епохи). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:
– антика;
– среден век;
– ренесанса;
– барок;
– класицизам;
– романтизам;
– реализам;
– модернизам;
– постмодернизам.
– среден век;
– ренесанса;
– барок;
– класицизам;
– романтизам;
– реализам;
– модернизам;
– постмодернизам.
4. Според внатрешните својства на литературните дела, литературата се дели на родови:
Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени.
Родовите, пак, се делат на литературни видови:
- епски видови (епски видови во стих и епски видови во проза),
- лирски видови,
- драмски видови,
- лирско-епски видови.