Џовани Бокачо (1313-1375) е еден од најзначајните претставници на предренесансата (хуманизмот).
Во последните години од животот му се посветил на Данте, пишувајќи ја неговата биографија (која не ја довршил) и толкувајќи ја „Божествената комедија“ (на јавни предавања).
Декамерон
„Декамерон“ претставува заокружена збирка раскази што авторот го постигнал со воведниот дел, односно „Уводната новела“. Во неа Бокачо го прикажува својот концепт на збирката.Имено, за време на големата чума во Фиренца, група млади луѓе (7 жени и 3 мажи) се засолнуваат во една куќа (се повлекуваат во карантин) и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават.
Во текот на тие десет дена, сите десетмина, секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема (10 х 10 = 100). Затоа збирката содржи 100 новели.
Прочитај повеќе за „Декамерон“
Според темите новелите се поделени на:
1 ден – нема одредена тема – кралица е Пампинеа
2 ден – неприлика со среќен крај – кралица е Филомена
3 ден – за двомислени луѓе – кралица е Немфиле
4 ден – за несреќната љубов – крал е Филострат
5 ден – за среќната љубов – кралица е Фијамета
6 ден – за оние кои биле итри и досетнно се спасиле – кралица е Елиза
7 ден – за жените кои го изневериле мажот – крал е Дионес
8 ден – исмејувањата на мажите од жените и обратно – кралица е Лаурета
9 ден – слободна тема – кралица е Емелија
10 ден – за правилните постапки – крал е Помфил
Во „Декамерон“ се прикажани многу настани, ликови и случки. Освен според деновите, како што ја направил поделбата самиот Бокачо, новелите може да ги поделиме во неколку тематски групи.
Прочитај ги целите раскази од „Декамерон“
Иако „Декамерон“ има забавен карактер, сепак, во него Бокачо реално го претставил италијанското предренесансно општество во 14 век.