Мигел (Мигуел) де Сервантес (1547-1616) живее и твори во периодот меѓу ренесансата и барокот.
Роден е во малото гратче Алкала де Хенарес, близу Мадрид во семејство од стара аристократска лоза, но осиромашено. Имал тежок, страдалнички живот, па неговиот најголем биограф, Вијардо, вака ќе го опише неговиот живот:
„Роден во чесно, но сиромашно семејство, во почетокот добил добро воспитание, но подоцна бил фрлен во ропството на бедата; паж, лакеј, најпосле војник; осакатен во Лепанската битка; се истакнал при заземањето на Тунис; пленет од варварите и затворен пет години во еден алжирски затвор; по најразлични смели обиди за бегство откупен со помошта на општествената благородност; па пак војник во Португалија и на Азорските Острови; вљубен во дама благородна, но уште посиромашна од него; со љубов се зафатил со литературата, но за малку време, зашто пак го оттргнала бедата; награден за заслугите и дарбата со прекрасната титула управител на резервните магацини; окривен за присвојување на државните пари; затворен од кралевските чиновници; потоа откако била докажана неговата невиност, ослободен, па пак затворен од побунетите селани; поет и трудољубив работник, се бавел со исхранување на семејствата, со извршување на тестаменти и со пишување на драмски творби; во својата шеесетта година го открил својот вистински позив; не можел да најде ниеден покровител да ја прифати посветата на неговиот роман; сретнал рамнодушна публика која можела да се смее, но не можела да го оцени и сфати; среќавал завидливи соперници кои го исмејувале и напаѓале, завидливи другари кои го предавале; следен од бедата до староста; за- боравен од масата, непризнат од никого, најпосле, умрел во самотија и беда – ете таков беше Мигел Сервантес“.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Покрај романот „Дон Кихот“, во два дела, Сервантес ги напишал и трагедијата „Нуманција“, пасторалната повест „Галатеја“, збирката „Поучни раскази“ и др. Починал во Мадрид, 1616 година.
Дон Кихот
Прочитај повеќе за „Дон Кихот“ од Сервантес.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
„Дон Кихот“ е роман во два дела, со 126 глави на 1200 страници, во кој се опишани многу случки и ликови (по некои податоци – 670).
Тоа е роман-пародија на витешката литература, во кој темата е животот и походите на главниот лик Дон Кихот и неговиот придружник Санчо Панса.
Идејата во романот е да се исмее витешката литература која имала штетно влијание врз луѓето. Во тоа време, во Шпанија, луѓето се уште живееле во илузијата за божемната стварност и со симпатии се сеќавале на славните времиња на витештвото како симбол на феудализмот и тешко го прифаќале новото време и растежот на буржоаската класа.
Под пародија се подразбира текст во кој се содржани најкарактеристичните белези на некој автор, дело или жанр кои се драстично пренагласени, карикатурално преувеличени и на тој начин се направени смешни.
Во рицарскиот роман, ликови се рицарите кои својата љубов кон одбраната дама ја докажуваат преку разни храбри потфати. Така и Дон Кихот, читајќи премногу рицарски романи решава да стане рицар, си одбира дама (Дулчинеа) поради која ќе ги презема потфатите, а потоа зема и придружник (Санчо Панса).
Ептен убава биографија нели бане ?