Почетна » светска литература » класицизам » Барок и класицизам

Барок и класицизам

БАРОК

 

Барокот е стил во европската уметност кој се појавува кон крајот на VII век и траел до половината на XVIII век. Се појавил во Италија, а најмногу е застапен во архитектурата, сликарството и вајарството. Како што кажува и самиот збор (barocco – претерано накитен, неприроден), градбите во овој период се богато украсени со сликарски и вајарски дела, внатрешноста со соодветно направен мебел, со гобленски ткаенини и задолжителни големи огледала со раскошни рамки.

И во литературата се чувствува влијанието на пренакитеноста со богатство, поточно пренатрупаност на версификациски форми – стилски изразни средства, игри на зборови итн. Претставници на барокот се: Лопе де Вега, Луис де Гонгора, Педро Калдерон; како и Малерб, Корнеј кои започнале како барокни писатели за да станат истакнати класицистички писатели.

 

КЛАСИЦИЗАМ

 

Класицизам е правец во уметноста и литературата кој се појавува во втората половина на XVII век, во Франција. Името на правецот произлегува од латинскиот збор classicus – кој се однесува на граѓаните од прв ред во античките времиња. Никола Боало е теоретичар на класицизмот кој му ја дал конечната форма.

Главни карактеристики на класицизмот се:

1. инспирација (вдахновение) – е основен предуслов за уметничко создавање, кое секако мора да биде поткрепено со знаење;
2. разум – принцип на свесно и критичко одбирање;
3. култ кон антиката – античкото творештво да биде пример и поттик за создавање;
4. совршенство на формата – да се придржуваат кон определени принципи на литературните родови и видови;
5. се заложувале за возвишен говор, јасност и хармоничност на стилот;
6. создавање творби за различни категории луѓе што придонело да ги поделат литературните видови и стилови во три групи: виши, средни и нижи.

Виши: ода, химна, епопеја и трагедија – творби во кои ќе се слика дворскиот живот, а главни јунаци ќе бидат кралевите, принцовите и благородниците.
Средни: елегија, идила, сатира, епиграм – творби кои ќе бидат наменети за средниот сталеж.
Нижи: комедијата – која ќе го отсликува секојдневниот живот на обичните луѓе. Да се пишуваат на едноставен, низок стил, со поголема слобода. Целта им била да ги насмее луѓето.
Класицистите биле против мешањето на стиловите, мешањето на трагичното и комичното.

Главен претставник на класицизмот е Жан Батист Молиер.

 

Scroll to Top