Говорни органи се делови од човековото тело кои учествуваат во создавањето артикулирани звуци – гласови.
Фонетиката, која се занимава со артикулацијата на гласовите, ги проучува и говорните органи на човекот. Говорниот апарат е она што го разликува човекот од другите живи суштества.
Говорните органи се составен дел од дишниот апарат.
Органи кои учествуваат во говорот (изговарањето на гласовите) се:
- белите дробови кои се исполнуваат со воздух неопходен за говорната функција;
- гркланот и гласните жици, кои започнуваат со формирање на гласот и
- усната празнина каде се дооформува гласот.
При формирањето на гласовите учествуваат сите делови од усната празнина: горната и долната вилица, предното (тврдо) и задното (меко) непце, ресичката, јазикот, забите и горната и долната усна.
Различни гласови се создаваат со употреба на различни делови од усната празнина, па оттука разликуваме: уснени, забно-венечни, венечни, тврдонепчени и меконепчени гласови.
Иако сите луѓе имаат ист говорен апарат, не постојат два јазика кои имаат ист гласовен систем.
Од темата ФОНЕТИКА, прочитај и за:
- Фонетика – наука за гласовите
- Фонологија – наука за фонемите
- Поделба на гласовите (самогласки и согласки)
- Говорни органи
- Гласовни промени
- Едначење по звучност
- Обезвучување на крајот од зборот
- Замена (редување) на гласовите
- Испуштање (елизија) на гласовите