Едначење по звучност
Една од најкарактеристичните појави во македонскиот јазик е гласовната промена едначење по звучност. Таа се случува при допир на две согласки со различна звучност.
Според звучноста, согласките се поделени во парови. Секоја звучна има свој безвучен парник, освен Х.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
звучни Б В Г Д Ѓ З Ж Ѕ Џ /
безвучни П Ф К Т Ќ С Ш Ц Ч Х
сонанти: Ј, Р, Л, Љ, М, Н, Њ
Кога во зборот ќе се најдат две согласки една до друга, различни по звучност, тие се изедначуваат — или двете стануваат звучни или двете безвучни.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Тоа зависи од звучноста на втората согласка. Односно, едначењето се врши според втората согласка.
звучна + безвучна = две безвучни
б + безвучна согласка = п (враб+че = врапче)
г + безвучна = к (снег+че = снекче)
д + безвучна = т (град+че = гратче) итн.
На пример: близ + ка = блиска, пред + пријатие = претпријатие, од + скокне = отскокне
безвучна + звучна = две звучни
с + звучна = з (гос+ба = гозба, с+града = зграда) ,
т + звучна = д (сват+ба = свадба), итн.
Едначењето по звучност се бележи и кога зборовите се префиксираат, односно кога префиксот завршува со звучна согласка, а зборот започнува со безвучна.
На пример:
зад + скрие = затскрие
над + превар = натпревар
под + свест = потсвест
пред + чувство = претчувство
без + куќник = бескуќник
из + чезне = исчезне
Овие префикси кога ќе се најдат пред зборови со исти согласки може или да се удвојат (оддава, раззелени, оттука, поттикне) или поради сраснатоста во зборот, едната да исчезне (одамна, бесмислен, бесмртен, исели, исече, расели, расече, расони).
Исклучоци
— „б“ не се едначи по звучност во зборот: себство;
— „в“ воопшто не се едначи по звучност:
на пр.: овца, вторник, мравка, бевте, читавте, Славка;
(во изговорот се изедначува и го изговараме како ф, но според правописот, пишуваме в);
—„г“ не се едначи во зборовите: бегство; другпат;
— „д“ не се едначи по звучност пред наставките: -ски, -ствен, -ство, -ствува: судски, судство, производствен, бедствува; пред ц на граница на основата и множинската наставка -и: домородци, крадци, месојадци, очевидци, предци;
— „т“ во сложенките чиј прв дел е број кој завршува на -т, а вториот дел е именка или придавка што почнува на звучна согласка: петгодишнина, петгогишен, деветгодишен, петдневен, шестдневен;
— сите звучни согласки кога со наставката -та се членуваат именки од ж. р. што завршуваат на согласка: заповедта, зобта, надежта, ’ржта;
— кај некои имиња и зборови од туѓо потекло: Вашингтон, Хабсбурговци, Хонгконг, Фејсбук; гангстер, нокдаун, питбул; како и кај зборовите со префиксите дис-, пост-, транс- и сл.: дисбаланс, постдипломски.
Од темата ФОНЕТИКА, прочитај и за:
- Фонетика – наука за гласовите
- Фонологија – наука за фонемите
- Поделба на гласовите (самогласки и согласки)
- Говорни органи
- Гласовни промени
- Едначење по звучност
- Обезвучување на крајот од зборот
- Замена (редување) на гласовите
- Испуштање (елизија) на гласовите