Во македонскиот јазик како непостојани самогласки кои се испуштаат се јавуваат е, о и а.
Во некои наставки и суфикси тие самогласки се губат. Најчесто тоа се случува во множинските форми на зборовите поради олеснување на изговорот.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Испуштање на самогласката Е
Самогласката „е“ се испушта во множината на именките што во еднина завршуваат на: -ел; -ец; -ен; -тер
На пр.: петел – петли; прозорец – прозорци; магистер – магистри; ражен – ражни.
Кај придавките кои во машки род завршуваат на -ен, во женски и среден род еднина и во множина го губат е: лесен – лесна, лесно, лесни; тесен – тесна, тесно, тесни.
Исклучок од ова правило прават двосложните описни придавки кои завршуваат на -ен: зелен – зелена, зелено, зелени; како и придавките на -ен кои се образувани од глаголи: молен – молена, молено, молени; фален – фалена, фалено, фалени.
Испуштање на самогласката О
Самогласката „о“ се испушта кај придавките кои во машки род завршуваат на: – ок и -ол: низок – ниска, ниско, ниски; топол – топла, топло, топли.
Исклучок прават придавките: широк, висок и длабок, кои го чуваат о во сите форми (широка, висока, длабока).
Именките од машки род на -ок најчесто го чуваат „о“, но во некои случаи тоа се губи: опинок – опинци; предок – предци; потомок – потомци.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Испуштање на самогласката А
Кај именките од машки род што завршуваат на -ар, самогласката „а“ се губи во женски и среден род и во множина: храбар – храбра, храбро, храбри; добар – добра, добро, добри.
Исто така кај туѓите именки од машки род што завршуваат на -ар се губи „а“ во множинските форми: театар – театри; метар – метри.
Самогласката „а“ се губи и кај членуваните форми од именките од машки род од туѓо потекло: реализам – реализмот.
Испуштање кај согласките
Испуштање (елизија) освен кај самогласките среќаваме и кај согласките.
На преимер: лист – лисје, грозд – грозје.