Почетна » македонски јазик » фонетика » Редување (замена) на гласовите

Редување (замена) на гласовите

Редување е гласовна промена која е проучувана од фонетиката.

Појавата кога некои гласови се заменуваат со други се вика редување. Тоа е вообичаено со некои согласки.

  • Во в преминуваат (со в се заменуваат) некои гласови:
    мес-о : мев-це;
    трош-ка : тров-че; глуш-ец : глув-че;
    шамиј-а : шамив-че; кутиј-а :кутив-че.
  • Кај некои зборови чијшто корен завршува на к, создаваат низи:
    к : ч : ц : ш
    јунак – јуначе (јуначки) – јунаци – јунаштво;
    рака – раче – раце;
    конак – коначе (коначки) – конаци – конаштво;
    зајак – зајаче (зајачки) – зајаци.
  • Среќаваме и многу други редувања:
    т : ќ
    фати – фаќа; врати – враќа; плати – плаќа; прати – праќа;
    д : ѓ
    роди – раѓа; погоди – погаѓа; најде – наоѓа;
    г : з : џ
    нога – нозе – ноџе итн.

 

Освен кај согласките, редувањето се среќава и кај самогласките, особено во минатото. Зборовите: бере – брал – пребира – избор се од ист корен кој се јавува во различни форми: бер-, бр-, бир-, бор. Овде се случува редување на самогласките во коренот, но поради новите начини на зборообразување ваквите форми повеќе ги нема.

Најчесто го среќаваме односот
е : о
рече – пророк; дере – раздор; пренесе – пренос; пее – пој;
и : о
бие – бој; гние – гној; рие – ров;
о : а
роди – раѓа; погоди – погаѓа; помогне – помага.


Од темата ФОНЕТИКА, прочитај и за:
  1. Фонетика – наука за гласовите
  2. Фонологија – наука за фонемите
  3. Поделба на гласовите (самогласки и согласки)
  4. Говорни органи
  5. Гласовни промени
  6. Едначење по звучност
  7. Обезвучување на крајот од зборот
  8. Замена (редување) на гласовите
  9. Испуштање (елизија) на гласовите

 

Scroll to Top