Почетна » македонски јазик » лексикологија » Вежби лексикологија

Вежби лексикологија

Вежби лексикологија (лексички значења на зборовите, лексиката според потеклото, според сферата на употреба, според процесот на обновата, стилска вредност):

1. Напиши синоними за следните зборови:

мома, ружа, поаѓа, има, душман, ракоплеска

2. Како се викаат здебелените зборови во примерот:

Мојот син има 12 години.
Тој носи син шешир.

3. Употреби ги зборовите наградува и надградува во реченици.

Како се викаат овие зборови? _______________________________________

4. Употреби го зборот лак во реченици каде ќе го покажеш неговото различно значење.

Како се викаат овие зборови? _______________________________________

5. Од зададените, состави нови зборови со некоја од претставките: не-, без-, раз-, а-, анти-

среќа, зрел, свесен, жали, страстен, симетричен, фашист.

Овие зборови со спротивно значење се викаат ______________________.

6. Направи деминутивни форми од зададените зборови употребувајќи две различни наставки:

уста, стол, дете, глава

7. Пр. На едно масиште беа испоседнати сто луѓе.

Што означува и како се вика формата „масиште“ употребена во примерот?

8. Направи аугментативни форми од зададените зборови употребувајќи две различни наставки:

вол, крава

9. Пр. Во селцето живееја одвај пет семејства.

Што означува и како се вика формата „селце“ употребена во примерот?

10. Подвлечи го пејоративот во следната реченица:

Таа вошла нашла мене памет да ми соли.

11. Какво е потеклото на здебелените зборови во реченицата?

Мојата сестра има убави очи.

Мотивите во нашата литература често се многу тажни.

12. Подвлечи ги турцизмите во реченицата:

Откако го изедов бурекот сакав да запалам цигара, ама немав кибрит.

13. За следните интернационализми пронајди соодветни наши зборови:

диференцира, инкогнито, хипокрит, реноме, симултано, фундамент

14. Состави реченица (реченици) во која ќе употребиш барем два збора од твојата професионална лексика (и подвлечи ги).

15. Подвлечи ги дијалектизмите во реченицата:

Јаска им кажах да дојдат.

16. Состави кус дијалог (или реченици) во кој ќе употребиш жаргонски зборови.

17. Во следниот пример здебелениот збор се вика _________________________.

Тој за сите си остана еким, никој не го вика доктор.

18. Подвлечи ги индивидуализмот во стихот:

… таго ле неисплакана, остани горда недоустена…

19. Подвлечи го архаизмот во реченицата:

Сите млади се готват, ќе одат аскер.


Прочитајте ги написите:

Лексички значења на зборовите

Лексиката според потеклото

Лексиката според процесот на обновата

Лексиката според сферата на употреба

Стилска вредност на зборовите


Одговори:

  1. Синоними на дадените зборови (зборови со исто или слично значење) се: девојка, трендафил, тргнува, поседува, аплаудира.
  2. Зборовите што имаат иста форма (син), а различно значење (како во примерите) се викаат хомоними.
  3. Наградува и надградува се зборови слични по форма, со различно значење: пароними. Примери: Секогаш ме наградува со насмевка. Постојано го надградувам своето знаење.
  4. хомоними. Има црвен ЛАК на ноктите. Виножитото направи ЛАК на небото.
  5. несреќа, незрел, несвесен, разжали, бестрастен, асиметричен, антифашист. Овие зборови се викаат антоними (зборови со спротивно значење).
  6. уста- усте, устичка, устенце; стол – столче, столченце, дете – детенце, детуле; глава – главче, главченце;
  7. Зборот „масиште“ означува голема маса; зборовите што означуваат нешто големо се викаат аугментативи.
  8. вол – волиште, волетина; крава – кравиште, краветина.
  9. Зборот „селце“ означува мало село – деминутив.
  10. вошла – пејоратив – означува нешто грдо, одвратно, за подбив.
  11. Мојата сестра има убави очи. – здебелените зборови се од домашно потеклоМотивите во нашата литература често се многу тажни. – туѓо потекло (интернационализми)
  12. Во реченицата: „Откако го изедов бурекот сакав да запалам цигара, ама немав кибрит.“ турцизми се: бурек и кибрит.
  13. диференцира – разликува, издвојува; инкогнито – тајно; хипокрит – лицемер; реноме – углед, прочуеност; симултано – истовремено, паралелно; фундамент – основа, темел, база, подлога.
  14. Според лексичкото значење зборовите се делат на: синоними, хомоними, пароними и антоними.
  15. јаска, кажах
  16. Кај си бе брат? Шо праиш?
  17. архаизам
  18. недоустена
  19. аскер
Scroll to Top