Почетна » литература » Рајко Жинзифов

Рајко Жинзифов

Рајко Жинзифов (15 февруари 1839 – 15 февруари 1877) бил роден во Велес во влашко гркоманско семејство. Неговото вистинско име било Ксенофон Ѕинѕиф.

Татко му, Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес.

Ксенофон Ѕинѕиф во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Под негово влијание го променил грчкото име во словенско – Рајко Жинзифов.

Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва, каде се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.

По завршувањето на универзитетот, се вработил како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Продолжил со книжевна дејност, но главно со превод и публицистика, а соработувал и со руски, словенофилски и бугарски списанија од Цариград.

Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошуља“, која е издадена во 1870 година, на македонски јазик. Го напишал и првиот расказ на македонски јазик „Прошедба“.

Прочитај ја поемата „Крвава кошуља

Починал на својот 38 роденден, на 15 февруари 1877 година.

.
Глас
.
Далеч од баштина, далеч од роднини,
Не в чужда за мене земја,
В полјани кичести, зелени долини,
Самичак в планина шетам ја.
Ја сја расхождам, но на душа ми тешко
И једни мисли мене борат,
И мене стават то студено, то жешко,
И чувства то гаснат, то горат.
Ја искам сенка, ја искам прохлада,
Душевна ја искам тишина,
Че клето ми срце доста вече страда,
И сја нагледа всекаква злина:
Коварство сос бедност, сос гордост лукавство,
Сон мртов, глупава простота,
Љубов на слова, и слога без братство,
И хитрост, л`жлива доброта.
„Безумец, безумец душа ти ленива,-
Ја чух невиден и таен глас –
Спрегни плуг за заборавената нива,
Че блиска ет доба, близок ет час.
Стани, земи остен в р`це, работај
Ти ден и ношт, сос пот,
Истреби трње, исчисти троскот, изорај
Бесплодна нива да дадит плод.
Стани, безумец сос молитва горешта
Ти клетва дај, стори си крст,
Стани ти, иди напред, иди на срешта,
Но бој сја, бој сја, Божји прст“.
– Готов сум, сја к`лнам, да изорам нива.
Кажи кој си ти, невиден глас?
„Чуј! – загрме, глас сја одзива –
Ја сум Божји гнев, народен глас!“
.
Во првиот дел од песната лирскиот субјект е осамен, далеку од својата родна земја и се бори со противречните чувства и мисли. Тој посакува спокојство за постраданото срце кое ги видело сите зла, лицемерија, итрини, лажни доброчинства.
Во вториот дел, во осаменоста, тој слуша некој глас кој му се обраќа и го повикува да ја изора забореваната нива и да го исчисти троскотот и трњето, односно го повикува да ѝ помогне на татковината, да ги „истреби“ натрапниците, окупаторите и пропагаторите. Тоа е гласот на народот кој ја посакува слободата.
Scroll to Top