Синтаксички единици
- Именската група (синтагма или фраза) претставува неприрошка единица чиј главен дел е именката или некој друг именски збор (заменка, придавка, број). Таа е дел од реченицата и претставува една целинка без прирок (глаголско дејство).
Именската група има центар (или глава) која може да ја претставува целата група, односно може да стои без другите додатоци. Центарот е обично именка, а додатоците се придавки, заменки, броеви.
На пример: добри деца;
малите добри деца;
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
нашите мали добри деца.
Во примерот центарот на групата е именката ДЕЦА и таа може да стои самостојно, без додатоците и да ја претставува целата група.
- Реченицата е основната, централната синтаксичка единица. Основа на реченицата е прирокот (без прирок нема реченица, освен во некои исклучоци).
На пример: Нашите мали добри деца спијат.
Со прирокот СПИЈАТ се изразува глаголското дејство што е основа на реченицата.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
- Сложената реченица е поголема синтаксичка единица која содржи намалку два прирока.
На пример: Нашите мали добри деца спијат и сонуваат.
Оваа реченица бидејќи има два прирока (спијат, сонуваат) е сложена реченица.
- Врзаниот текст претставува најголема синтаксичка единица. Тој е составен од повеќе реченици (именски групи и сложени реченици) кои се смисловно поврзани и сочинуваат целина.
На пример: Штом се стемни, сите се прибираме во куќите. Постарите се вртат околу огнот, ги греат коските, а ние помладите ги потсредуваме собите колку да не седнеме веднаш. Нашите мали добри деца спијат и сонуваат.
- Реченица
- Граматичка структура на реченицата – реченични членови
- Прирок
- Подмет
- Предмет
- Прилошки определби
- Атрибут и апозиција
- Безлични реченици
- Активна и пасивна реченица
- Модалност на реченицата
- Негација
- Реченични еквиваленти
- Независносложени реченици
- Зависносложени реченици
- Заедничкото кај одделни видови зависносложени реченици
- Редот на дел-речениците во сложената реченица