Црноризец Храбар е анонимен писател од словенската средновековна литература. Псевдонимот значи – калуѓер храбар. Се криел зад псевдоним заради засилената борба на грчкото свештенство против Словените и нивната желба за елинизација. Според податоците од неговиот текст „О писменех“ („За буквите“), дознаваме дека живеел во X век (уште се живи оние што ги виделе Кирил и Методиј), дека работел и творел во Охридската книжевна школа.
Некои слависти сметаат дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се крие Наум Охридски. За жал, други податоци за него нема.
Прочитај го целиот текст „О писменех“
„О писменех“ („За буквите“) од Црноризец Храбар
Текстот е напишан во X век, а зачуван е еден препис од XIII век, пронајден на Света Гора. „О писменех“ е краток полемичен текст (трактат) напишан на едноставен и конкретен начин.
3. заклучок — во кој ја искажува својата љубов и гордост.
Прв дел
Третата фаза е создавањето на словенската писменост од страна на Кирил и Методиј. Појавата на Кирил е претставена како божјо чудо. Тој ја создал глаголицата со 38 букви, од кои 24 биле создадени по образец на грчкото писмо, а 14 ги измислил сам, според гласовниот систем на словенскиот јазик.
Втор дел
Во вториот дел Црноризец полемизира со непријателите по класичниот систем: теза, антитеза, синтеза. Тезата е прашање, антитезата — одговор, а синтезата — заклучок. Тој се запира на три прашања:
Одговара историски и аргументирано, па дури и со голема доза на подбив дека Грците не знаат со колку точно букви пишуваат. Бидејќи тиа навистина имаат 24 букви, но при пишувањето употребуваат уште 11 дифтонзи (двогласки) и три знака за броевите 6, 90 и 900, па така и кај нив се збираат 38 знака.
На ова прашање Црноризец одговара користејќи библиска и културно-историска фактологија. Со изнесувањето на податоците за постоењето на писменоста пред Евреите, Грците и Римјаните — Еѓипќаните, Персијанците, Асирците, тој ја разобличува лагата дека писменост постои само на трите од Бога дадени јазици. И во овој дел има остар јазик, нарекувајќи ги непријателите — безумни. А, тој секако докажал дека е многу умен и образован.
Спротивно на Грците, кај даровитите Словени тоа го направиле двајца мажи — Кирил ја создал азбуката, а заедно со брат му Методиј ги превеле книгите. Со овие укажувања Храбар јасно ја изразил мислата дека Словените се во состојба не само да им се приближат, туку и да ги надминат народите со побогата култура од нив.
Трет дел
Во третиот дел е истакната љубовта на словенските писатели кон творците на словенската писменост, нагласувајќи дека не постои некој што не го знае нивното име и дека тие се подготвени да го чуваат, заштитуваат и продолжат нивното дело, како што тоа го прави и авторот на овој текст.