„ Панонски легенди “

„Панонски легенди“ е најстарото оригинално дело од нашата (словенската) средновековна литература.
Составено е од два дела: Житие на Кирил и Житие на Методиј.
Во житијата е опишан животот на двајцата создавачи на словенската писменост.
Во врска со авторството на житијата има различни мислења, од кои се издвојуваат две:
1. Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а на Методиевото Климент Охридски;
2. Дека автор на двете житија е Климент Охридски.
Тема во житијата е животот и делото на браќата Кирил и Методиј.
Идејата на „Панонските легенди“  е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик да создадат своја писменост и култура.
Композиционо житијата се составени од: воведен дел, изложување и заклучок.
Иако се работи за средновековна литература, стилот во житијата е разбирлив, едноставен, со многу епитети, компарации, реторски прашања итн.
Во Житијата на Кирил и Методиј е опишано нивното детство, образование, мисиите на кои биле испратени, создавањето на првата словенска азбука, признавањето на словенската писменост од папата во Рим.
Константин со помош на Методија ја создава првата словенска азбука — глаголицата и ги преведува книгите за богослужба на словенски јазик за во 863 година да оди во Моравија.
Повеќе за Житијата прочитајте на следнава ВРСКА.
Во следното видео видете кои биле причините за создавањето на словенската писменост.
Scroll to Top