Средновековна литература (видови)

 

Библијата и црквата извршиле многу силно влијание врз човекот. Со векови човекот бил притиснат да го живее животот на земјата под силни црковни норми, да работи и страда, а како награда за земните откажувања да го добие вечниот – задгробен живот. Ова силно влијание на црквата, секако имало одраз врз уметничките создавања. Ова е десетвековното апстинирање од уметнички израз, средниот црн век, времето на инквизицијата. Секое и најмало пројавување на уметност, наука или било каков напредок било казнувано со смрт – палење на клада.

Во Европа средниот век го опфаќа периодот од V до XV век, а кај нас (во Македонија) тоа е од IX до XVIII век. Литературата што се создавала во овој период е тесно поврзана со христијанството.

Единствена светла точка во оваа црнина за нас е создавањето на словенската писменост.

Во средновековна литература најзастапена била пригодната црковна литература:

            1. Молитва – пофална песна во која се слави христијанскиот Бог, вербата и љубовта во него, неговата безгранична моќ, добрина, справедливост, чудотворност итн. Најпозната молитва е „Оче наш“.
            2. Пофално слово – литературна творба со црковен карактер во која се фалат делата на некој светец или проповедник. Кај нас најпознато е „Пофално слово за св.Кирил“ од Климент Охридски.

            3. Хагиографија (житие) – биографија на светец, црковен великодостојник и аскет.

 

Освен ваквата, строго црковна литература – канонска (литература што правилно ги учела луѓето на христијанската религија), имало обиди за создавање и уметничка литература:

            1. Апокрифи – приказни, леденди и виденија во кои објаснувањата на Светото писмо се многу слободни и пореалистични. Овие текстови црквата ги прогласила за лажни, неточни и штетни, па затоа ги уништувала и палела.
            2. Средновековни раскази – не се оригинални дела туку преводи од грчки и латински. Оригиналните дела често биле во стихови, а преводот бил слободен и во проза. Најпопуларни раскази биле: „Премудриот Акир“ („Езоповиот живот“), „Теофана крчмарката“, „Маките на блажениот Гроздиј“ и др.
            3. Средновековни романи – се поголеми преводи. Најпознати се: „Александар Велики“ (историско-легендарен роман), „Тројанска повест“ (превод на „Илијада“), „Тристан и Изолда“ (љубовно-фантастичен роман) итн.

            4. Јуначки епови – народни творби: „Песни за Сид“ (Шпанија), „Песни за Роланд“ (Франција), „Песни за Нибелунзите“ (Германија), „Слово за походот Игорев“ (Русија), „Песните за Крале Марко“ (кај нас).

 

Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература
Прирачник за матура по македонски јазик и литература
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература, прилагодено на новите матурски програми.
Додај во кошница
Scroll to Top