Прашања:
1. Што се безлични реченици?
2. Од што зависи дали реченицата е активна или пасивна?
3. Каква е улогата на подметот во пасивната реченица?
4. Какви се речениците според нивната модалност?
5. Какви видови прашања разликуваме?
6. Што е негација?
7. Какви видови негација разликуваме?
8. Каков реченичен член е предметот?
9. Какви видови предмет разликуваме и со кои прашања ги наоѓаме?
10. Што значи тоа – удвоен предмет?
Вежби :
11. Во следните реченици определи го: подметот, прирокот, предметот, модалноста на реченицата; и определи дали е активна или пасивна; лична или безлична; позитивна или одречна:
– Полковникот не ги прочита насловите.
– Што сакате да кажете?
– Никогаш не е предоцна.
– Ги успа роморењето на дождот.
– Не се во прашање парите.
– Но сега не е ни важно.
– Чадорот има врска со смртта.
– Кога би можел јас да го речам истото.
– Тој се обиде да ги израмни посивените бели влакна со еден коскен чешел.
– Не кажуваат ништо за ветераните.
– Од оваа жештина му зоврива мозокот на човека.
– Белите алишта не беа пеглани поради астмата на жената.
Одговори:
1. Безлични се оние реченици кај кои прирокот не отвара место за подмет (немаат подмет).
2. Од улогата на подметот.
3. Подметот во пасивната реченица е трпител на дејството.
4. Според модалноста речениците се: расказни, извични, желбени, заповедни, прашални.
5. Разликуваме три вида прашања: со интонација или прашални честици (дали, ли, нели, зар), со прашални заменски зборови (што, кој, каде, како, зошто, колку…) и или – прашања.
6. Негација е одрекување на дејството.
7. Разликуваме еднократна и повеќекратна негација.
8. Предметот е неопходен реченичен член.
9. Разликуваме директен, индиректен и предлошки предмет (предмет со предлог).
10. Удвоен предмет е кога освен именката или долгата заменска форма сме ја употребиле и кратката заменска форма (чита книга; ја чита книгата).
11. вежби – решение
- Полковникот (подмет) не ги прочита (глаголски прирок, негиран) насловите(директен удвоен предмет). – расказна, активна, негирана, лична реченица
- Што сакате да кажете?(сложен глаголски прирок); (подмет – вие, изоставен); прашална, активна, лична реченица
- Никогаш не е предоцна.(прост глаголско-именски прирок, негиран) – расказна, безлична (кој? – не може да се определи подметот), реченица со двојна негација (никогаш, не).
- Ги (директен предмет) успа (глаголски прирок) роморењето на дождот.(директен предмет) – расказна, пасивна (активна би била: Тие се успаа од роморењето на дождот)
- Не се во прашање (негиран глаголско-именски прирок) парите.(подмет)
- Но сега не е ни важно.(глаголсо-именски прирок, двојно негиран) – безлична реченица
- Чадорот (подмет) има врска (глаголско-именски прирок) со смртта.(предлошки предмет – со предлогот со)
- Кога би можел јас (подмет) да го речам (сложен глаголски прирок) истото.(удвоен директен предмет)
- Тој (подмет) се обиде да ги израмни (сложен глаголски прирок) посивените бели влакна (удвоен директен предмет) со еден коскен чешел.(предлошки предмет со со)
- Не кажуваат (глаголски прирок) ништо (директен предмет) за ветераните.(предлошки предмет со за) – (подметот е изоставен, се подразбира од прирокот – тие) – двојна негација;
- Од оваа жештина (предлошки предмет со од) му зоврива (глаголски прирок) мозокот (подмет) на човека.(индиректен удвоен предмет)
- Белите алишта (подмет, трпител на дејство) не беа пеглани (глаголско-именски прирок) поради астмата на жената.(прилошка определба за причина) – пасивна реченица (активна би била: Жената не ги испегла белите алишта поради астмата)