Почетна » македонска литература » македонска литература на почеток од 20.век » Македонската литература на преминот од 19 во 20 век

Македонската литература на преминот од 19 во 20 век

Како историско продолжување на литературното творештво на македонските преродбеници ги сметаме: големиот собирач на народни приказни Марко Цепенков и првиот македонски драмски автор Војдан Чернодрински, кои живееле и твореле на преминот од 19 кон 20 век.

.

Македонска крвава свадба (раскажана)

Иако во Охрид е создадена словенската писменост и првиот Универзитет, сепак, македонската литература го нема истиот историски развиток како светската, односно европската литература. Силното грчко влијание во Византија, потоа петвековното османлиско владеење, Балканските војни и распарчувањето на Македонија меѓу соседните штотуку создадени држави, секако не се поволни историски услови за непречен развиток на литературно творештво.

 

Сепак, со задоцнување и кај нас се појавува Просветителството (Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ) во почетокот на 19 век, а потоа и македонската преродба (романтизам) во средината на 19 век (Димитар и Константин Миладинови, Рајко Жинзифов, Глигор Прличев). Во услови на немање своја држава, а со тоа и свој литературен јазик овие автори најчесто одлучувале да пишуваат на својот дијалект (на својот локален говор).

Значајна појава кон разрешување на јазичното прашање, самостојноста и посебноста на македонскиот народ е книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903г.). За жал, таа била веднаш запалена и уништена за да не дојде до сите Македонци и да се спречи (или барем одложи) идејата за посебноста и создавањето на своја држава.

Како историско продолжување на литературното творештво на македонските преродбеници ги сметаме: големиот собирач на народни приказни Марко Цепенков и првиот македонски драмски автор Војдан Чернодрински, кои живееле и твореле на преминот од 19 кон 20 век.

 

Прочитај повеќе за Чернодрински.

Војдан Поп Георгиев Чернодрински (1875—1951) е основоположник на македонското драмско творештво и театар.

Роден е во с. Селци, Дебарско. Учел гимазија во Солун, па во Софија, каде го основал гимназискиот литературен кружок „Македонски зговор“. Бил член и на „Младата македонска книжовна дружина“. Контактите со македонските емигранти влијаеле врз формирањето на неговата национално-револуционерна и социјалистичка свест. Во Грац и во Берн студирал правни науки, но не ги завршил.

Scroll to Top