Марко Цепенков

Марко Костов Цепенков (Ореовец, Прилепско, 7 ноември 1829 – Софија, 29 декември 1920) е специфична појава во македонската литература.

Прочитај повеќе за Силјан Штркот.

Собирач на народни употворби

Цепенков е најголемиот собирач на народни умотворби (над 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки материјалречник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл. – собрани се во 10 книги), но таков кој самостојно ги запишувал, не веднаш, туку подоцна со свој јазик и стил.

Порано неговиот начин се сметал за погрешен, бидејќи самостојно интервенирал во народното творештво, но се повеќе тоа се смета за „цепенковски стил“ кој претставува преод од народното кон книжевноста.

 

Творештво

 

Освен што собрал огромен фолклорен материјал од Прилеп и околината, Цепенков пишувал и свои лични творби; драмата: „Црне војвода“, „Автобиографијата“, песните:  „Мојата песна“, „Редењето на дедо Марко Цепенков“, „Мајка Македонија ги советува своите чеда да востанат против тиранијата на Турците“, „Македонцко тажејње“, „Позив од Мајка Македонија“ и др.

Цепенков не е многу вешт автор, но ја следи народната традиција и се труди да остави жив документ на своето време, во што секако успева.
Животот во сиромаштија и минималното образование можеби се причините за неговата „неукост“, но љубовта кон татковината и својот народ се секако причините да го посвети целиот свој живот (40 години го собирал фолклорниот материјал) на запишување на усната историја.

За „Силјан Штркот“

Во најдолгата македонска фантастична народна приказна „Силјан Штркот“, како и во сите други, Цепенков има свој личен творечки пристап. Тој самиот литературно ја вообличува народната приказна.

Неговото раскажување е течно, интересно, со една градација во откривањето на најзначајните настани од животот на Силјан, со неговите доживувања, често дискретно вметнувајќи и сугерирајќи ја поентата – ставајќи го главниот јунак во трагичната ситуација да го изгуби човечкиот идентитет (зашто не си ги слушал родителите) – за да може на крајот да се осознае и промени себеси во вистинска личност и да се определи каков треба да биде како син, сопруг и татко.

Во раскажувањето Цепенков вметнува народни пословици и поговорки, па и како поенти – наслови на други приказни, значи целосно го вообличува текстот по свој вкус, и на крајот се вметнува себеси:

„Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е ко лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.

Прочитај ја целата приказна Силјан Штркот.

 

Scroll to Top