Почетна » македонска литература » Историскиот развиток на македонската литература

Историскиот развиток на македонската литература

[av_dropcap1]И[/av_dropcap1]сторијата на македонската литература најчесто се разгледува од почетокот на Просветителството, кога јазикот употребен во печатените книги на Крчовски и Пејчиновиќ е истиот народен дијалект како денешниот.

Иако во Охрид во деветтиот век е создадена словенската писменост и е оформен првиот Универзитет, сепак, заради силното грчко влијание во Византија, потоа петвековното османлиско владеење, Балканските војни и распарчувањето на Македонија меѓу соседните штотуку создадени држави, кај нас немало поволни историски услови за непречен развиток на литературно творештво.

[av_dropcap1]H[/av_dropcap1]а почетокот од 19 век, во време на османлиско владеење и грчка доминација во црквите, зачувувањето на верата и јазикот значело и зачувување на националноста.
Првите просветители, Крчовски и Пејчиновиќ за да му се приближат на неукиот народ го користат народниот говор и на истиот тој јазик ги отпечатуваат своите книги – првите книги на народен македонски јазик (1814).


[av_dropcap1]К[/av_dropcap1]ако продолжение на Просветителството, кон средината на 19 век  се појавува
Романтизмот, односно преродбата во Македонија. Се карактеризира со будење на националната свест: воведување на македонскиот (народен) јазик во училиштата; составување и печатење учебници и собирање народни умотворби.  Најзначајни личности од овој период се браќата Миладиновци (Димитар и Константин), Рајко Жинзифов, Григор Прличев и др.

[av_dropcap1]С[/av_dropcap1]ледниот крупен чекор кон разрешување на јазичното прашање, самостојноста и посебноста на македонскиот народ претставува книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903г.) која била веднаш запалена и уништена за да не дојде до сите Македонци и да се спречи (или барем одложи) идејата за посебноста и создавањето на своја држава.Секако, не треба да ги заборавиме Ѓорѓија Пулевски, кој пред него се обидува да го трасира македонистичкиот пат и групата Лозари кои делувале во Софија со истите идеи.

Како историско продолжување, пак, на литературното творештво на македонските преродбеници ги сметаме: големиот собирач на народни приказни Марко Цепенков и првиот македонски драмски автор Војдан Чернодрински, кои живееле и твореле на преминот од 19 кон 20 век.


[av_dropcap1]В[/av_dropcap1]о услови на распарчена Македонија, по Балканските војни и Првата светска војна, развојот на македонската литература не запира. Во овој период особен процут доживува македонската драма и театар, со битово-социјалните драми на Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле, како и конечното отпечатување на збирките поезија на Кочо Рацин, Венко Марковски, Коле Неделковски. Тука се и плеадата дводомни македонски автори и оние кои пишувале на други јазици, меѓу кои особено се издвојува Никола Јонков Вапцаров.

Во текот на Втората светска војна се појавуваат поетите Мите Богоевски и Ацо Караманов кои прерано ги загубуваат своите животи.



[av_dropcap1]П[/av_dropcap1]о Втората светска војна условите за развојот на македонската литература сосема се менуваат. Македонија добива своја држава, свој литературен јазик, своја самостојност. Така литературата доживува еруптивен развој и надокнадување на сето она што е пропуштено во минатото.

1. Македонската литература има тенденција жанровски да се надополни, односно да се комплетира во оние видови и родови што недостасуваат во нејзиниот нерегуларен развиток. Ова особено важи за романот. Оттогаш до денес има бурен развиток на романот кој стана жанровски приоритет на македонската современа литература.

2. Македонската литература доживува забрзан развиток — го надоместува испуштеното, односно во краток временски интервал обединува разни правци, етапи, стилски формации низ кои не се развивала — романтизам, реализам, модерна литература.

3. Интензивирање на преводната литература. Делата на големите писатели интензивно се преведувале на новиот македонски литературен јазик, што значело збогатување на можностите за читање на светската литература како и дефинитивна проверка и промоција на јазикот.

Првиот роман на македонски јазик го отпечатува Славко Јаневски „Село зад седумте јасени“. А напишан пред него, но чекајќи за печат е романот на Стале Попов „Крпен живот“. Сепак, ова не се првите македонски романи, зашто Стојан Христов, во Америка, на англиски јазик, но со македонска содржина уште во 1937 година го отпечатува романот „Мара“.

Во збогатувањето на македонската литература со романи веднаш по војната учествуваат и: Ѓорѓи Абаџиев, Владо Малески (од Википедија, бидејќи го нема во програмата), Симон Дракул и др.

Во вториот (третиот и најновиот) период од повоениот развој на македонската литература се вбројуваат авторите: Матеја Матевски; Гане Тодоровски; Анте Поповски; Петре М. Андреевски; Блаже Конески; Ацо Шопов; Радован Павловски; Димитар Солев; Ташко Георгиевски; Живко Чинго; Коле Чашуле; Томе Арсовски; Горан Стефановски, итн.

Scroll to Top