Коле Чашуле (1921 – 2009)
Чашуле е роден во Прилеп. Таму завршил основно училиште и нижа гимназија, а виша гимназија завршил во Битола. Студирал медицина на Белградскиот универзитет и активно се вклучил во прогресивните движења (во СКОЈ), а учествувал и во многу штрајкови и демонстрации.
Се вклучил во партизанскиот прилепски одред, заради што подоцна бил затворен. Од затворот избегал 1944 година и почнал со објавување песни и раскази во партизанските весници.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
По војната бил основач и уредник на поголем број списанија и весници, како и главен уредник и директор на Радио Скопје и управник на Македонскиот народен театар.
Литературно творештво
Чашуле пишувал песни, раскази, есеи, критики, но сепак најобемно и најзначајно е неговото драмско творештво.
Тој е претставник на новата, повоена генерација драматурзи. Употребува сосема нов, модерен израз и исто така, нови тематски преокупации.
Негови најпознати драми се: „Црнила“, „Вител“, „Вејка на ветрот“, „Градскиот саат“ и др.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Црнила
Темата на драмата „Црнила“ од Коле Чашуле е убиството, атентатот врз Ѓорче Петров од неговите сонародници, Македонци.
.
Чашуле е нашиот прв автор кој собра храброст на ваков начин да проговори за македонските црнила.
Самиот тој вели дека инспирација добил од убиството на Ѓорче Петров во кое „видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета од македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени интереси, за мене станаа симбол на македонските црнила воопшто“.
.
„Црнила“ е драма на идеја, односно драма со теза, која се остварува преку апсурдот на еден лик дојден во непознат свет, но овде остварена и со политички задни намери.
Идејата во драмата е осуда на човековиот морален пад, на братоубиството, на забивањето нож в грб – честа појава во нашата мрачна историја.
.
Дејството се случува 1921 година во Софија, а како мото се дадени стихови на Анте Поповски:
.
„Долу по полено, по врбацине, до срцево
Сè е така и ноќ и нож в плеќи забиен
Не ме уплашија векови со нож од туѓа рака
Ме плаши час од рака своја в плеќи.“
.
Композицијата на драмата е во четири дејства, а драмскиот простор е домот на Христови каде се подготвува заговорничкиот предавнички чин.
За содржината на драмата прочитај повеќе на следнава ВРСКА.
За ликовите во драмата можеш да прочиташ на следнава ВРСКА.