Предлог писмена работа за романот „Чичко Горио“ од Оноре де Балзак
Семејството прикажано во романот „Чичко Горио“ од Балзак
Семејството е најважната клетка на човечкото општество. Децата се наследници на минатото, а родителите се оние што им ја обезбедуваат иднината. Во романот „Чичко Горио“ од Балзак ни е претставено едно нетипично семејство, зашто мајката е почината, па таткото мора да ги преземе двете улоги на родител. Нашата поговорка „без татко пола сирак, без мајка цел сирак“, таткото Горио не сакал да се оствари.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
По смртта на жена си, Горио целото свое внимание и љубов го насочил кон своите две ќерки, Анастазија и Делфина. Уште како малечки ги разгалувал со скапи подароци мислејќи дека така ќе го надокнади отсуството на мајчината љубов и ќе ја „купи“ љубовта на ќерките. Кога пораснале, им нашол богати и достојни сопрузи, мажи со титули, гроф и барон, и им го поделил своето макотрпно стекнато богатство. За себе, не оставил речиси ништо. Скромно се сместил во пансионот на госпоѓата Вокер и имал пари колку обично да живее. Заслепен од својата пожртвуваност и огромна љубов не бил свесен дека од своите ќерки направил бесчувствителни и користољубиви суштества. Тие не чувствуваат љубов кон никого – ни кон татка си, а меѓу себе уште помалку. Се натпреваруваат која ќе биде побогата, поприфатена во високиот круг на општеството, со подобар љубовник, и која до крај ќе го исцица преостанатиот имот од таткото.Стануваат безмилосни и бесчувствителни гледајќи го таткото како гладува за тие и понатаму да имаат сѐ. Нивната бескрупулозност достигнува врв кога не доаѓаат ни на неговиот погреб.
Големата и безрезервна љубов на таткото Горио го уништила ова семејство. Сакајќи да им удоволи на ќерките, тој од нив направил монструми. Ако „сите среќни семејства си прелегаат едно на друго, а секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“ – ова е пример за едно од најнесреќните!
(285 збора)
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница