Предлог писмена работа за драмите меѓу двете светски војни
Машките ликови во драмите меѓу двете светски војни
Меѓу двете светски војни се случува силен подем на драмското творештво во Македонија. Особено значајни драматурзи од овој период се: Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле. Карактеристично за нивното творештво во овој период е акцентирањето на македонскиот живот – социјалните разлики, битот, обичаите, традицијата.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Во сите три драми: „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, „Печалбари“ од Антон Панов и „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле е претставена традиционалната македонска патријархална средина каде главен збор има мажот. По своите карактеристики Теодос и Јордан, таткото на Симка од „Печалбари“ се многу слични.Двајцата се богати чорбаџии, лихвари, кои не сакаат своите деца да ги дадат за сиромашни партнери од „љубов“, туку сметаат дека тие треба да го одберат, исто така, богатиот иден партнер. Не се загрижени за среќата на своите деца, туку само за својот углед, за богатството, за задржување на веќе застарената традиција. На нивното мислење и став не може да повлијае никој. Ниту молбите на децата, ниту тивките совети на сопругите, ниту идните зетови и снаи. Светот мора да биде поставен само според нивните сфаќања. Затоа тие се бесчувствителни, надмени, недопирливи. Јордан оди уште понатаму со својата суровост не дозволувајќи му на затот да го дочека раѓањето на бебето и праќајќи го на печалба од која нема да се врати. Не размислува дека ќерката ќе биде несреќна, сама, и на крајот вдовица – за него најважни се парите и тој си ги бара по секоја цена. Во „Парите се отепувачка“ немаме ваков случај, но таткото Митре ја покажува истата тврдоглавост кога заслепен од завист и поматен ум од парите што ги видел кај „туѓинецот“, не сака да ја послуша жена си. Новата генерација, пак, веќе започнува да ги менува закоравените сфаќања и да ја руши традицијата. Томче сака да се ожени за сиромашна девојка, зашто ја сака; Костадин не сака да ја купува невестата како стока, сака и нејзиниот глас да се чуе, и таа да се праша што сака и кого сака. Но, тие само се обидуваат да ги внесат новините, зашто нивните татковци се сѐ уште оние кои се прашуваат и мора да се послушаат.
Во драмите меѓу двете светски војни јасно е отсликана патријархалната и заостаната македонска средина, каде жените се обесправени и неважни, а мажите се „главата“ на семејството. Но, сепак, утешува новата генерација која полека ќе ги внесува современите сфаќања и модерниот живот што го живееме денес.