Почетна » светска литература » Лав Николаевич Толстој

Лав Николаевич Толстој

Лав Николаевич Толстој (1828-1910)

Лав Николаевич Толстој (1828-1910) е роден во Јасна Полјана на дворјанскиот имот од родителите кои потекнувале од благороднички семејства. Ја носел титулата гроф и поминал мирен, богат и спокоен живот.

Речиси целиот живот го минал на имотот во Јасна Полјана, освен за време на школувањето.  Четири години се школувал во Москва, а потоа извесен период поминал во Казањ каде студирал на Филолошкиот, а потоа на Правниот факултет кој не го завршил. Владеел многу јазици – англиски, француски, германски, италијански. Ги знаел и: грчкиот, латинскиот, украинскиот и татарскиот. Ги изучувал и: турскиот, холандскиот и бугарскиот. Кога се вратил во Јасна Полјана ја започнал својата писателска дејност.

Толстој се смета за еден од најголемите романсиери на сите времиња, во прв ред поради неговите најпознати романи. Тоа се: „Војна и мир“, историска и реална реконструкција на наполеонските војни и кримската војна и „Ана Каренина“, трагична љубовна приказна.

Како морален философ, Толстој е познат по своите идеи за ненасилниот отпор, искажани во неговото дело „Царството Божје е во тебе“. Овие идеи извршиле големо влијание врз Махатма Ганди, Роман Роланд и Мартин Лутер Кинг.

Како морален мислител и реформатор Толстој извршил огромно влијание на христијанскиот анархизам. Во тој поглед е создадено Толстојското општествено движење. Толстој иако бил воодушевен од создавање вакво движење, никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат. Тој сметал дека секој треба да има своја свест.

Како дел од благородничкото семејство Толстој, ја носел титулата гроф.

Активно учествувал во Кримската војна каде за пројавената храброст во битките бил награден. Бил во Париз, ја шетал Швајцарија, но се разочарал од Западот и се повлекол засегаш на својот имот во Јасна Полјана.

Се оженил со ќерка на московски доктор која му родила 13 деца.

Од 1863 до 1869 година ја пишува тетралогијата „Војна и мир“, а подоцна и „Ана Каренина“, „Воскресение“, „Детство“, „Момчештво“, „Младост“, повестите: „Смртта на Иван Илич“, „Кројцеровата соната“ и др.

Прочитај ја раскажаната содржина на романот „Ана Каренина“

 

Прочитај за ликовите во романот „Ана Каренина“

 

Прочитај повеќе за „Смртта на Иван Илич”

Scroll to Top