Почетна » македонски јазик » правопис » Самогласки во непосреден допир

Самогласки во непосреден допир

При пишување на удвоените самогласки или самогласките во непосреден допир најчесто се греши кај заменските придавки со посвојно значење, кај лично-предметните и показните заменки, односно при образувањето на нивната множина.

Се пишува:

едн. мој – мн. мои (моите);

едн. твој – мн. твои (твоите);

едн. свој – мн. свои (своите);

едн. кој – мн. кои; едн. некој – мн. некои; едн. никој – мн. никои; едн. секој – мн. секои.

 

 

[av_heading heading=’Самогласките во непосреден допир’ tag=’h3′ style=” size=” subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-1w0rf’][/av_heading]

а) Кога во зборот ќе се најдат две еднакви самогласки една до друга, во повеќето говори тие се изговараат како една долга, слеана самогласка. Во литературниот јазик тие се пишуваат како две одделни самогласки:

раат, саан, саат, снаа;

3 л. мн. во сегашно време, само глаголите од -а група имаат две а: викаат, играат, имаат. ( Многу често, особено од говорителите на источното наречје се слушаат форми како: носаат, плашаат, отвораат, држаат, мислаат, паднаат, односно неправилна употреба на две а кај сите глаголи, и од -и и од -е група.)

3 л. мн. во минато определено време: викаа, имаа, копаа;

вее, грее, живее, лее, пее, се смее;

змии (од змија), судии, шамии;

зоологија, кооперација, координација;

вакуум и др.

б) Во македонските говори кога самогласката И ќе се најде зад другите самогласки (а, о, е, у) обично се изговара како неслоговен глас или преминува во Ј. Во литературниот јазик, на таа позиција се изговара и се пишува И:

брои, броиш, кроиш, стоиш (не: бројш и сл.);

мои, твои, свои, моите, своите (мн. од мој, твој, свој);

осои, повои, присои (мн. од осој, повој, присој).

в) Во некои говори во оваа позиција, односно зад друга самогласка, како Ј се изговара и самогласката Е. Во литературниот јазик се изговара и се пишува Е:

знаеш, знае, ткаеш, траеш, пиеш, спиеш, шиеш, чуеш (не: знајш и сл.).

 

Вежба

 

Марија и снаја ѝ, со својте деца во последен момент одлучија да одаат во золошка градина. Имаја само еден час за прошетка зашто најмалото на Марија беше уште бебе и требаше да спије. Тије се упатиа кон езерцето да ги гледаат патките и каде децата можеја да викајат, трчајат, играјат и никому да не му пречат.

 

[av_tab_container position=’top_tab’ boxed=’border_tabs’ initial=’0′ av_uid=’av-4idevf’]
[av_tab title=’Кликни да го видиш точниот одговор’ icon_select=’yes’ icon=’ue825′ font=’entypo-fontello’ av_uid=’av-wnm3′]
Марија и СНАА ѝ, со СВОИТЕ деца во последен момент одлучија да ОДАТ во ЗООЛОШКА градина. ИМАА само еден час за прошетка зашто најмалото на Марија беше уште бебе и требаше да СПИЕ. ТИЕ се УПАТИЈА кон езерцето да ги гледаат патките и каде децата МОЖЕА да ВИКААТ, ТРЧААТ, ИГРААТ и никому да не му пречат.
[/av_tab]

[/av_tab_container]

Scroll to Top