Ташко Георгиевски
(15.3.1935-13.4.2012)
Ташко Георгиевски е роден 1935 година во с. Крончилево, Воденско, Егејска Македонија. Неговото творештво е целосно преокупирано со егејската тема, односно со прогонот и ужасната судбина на македонскиот народ од Егејска Македонија по Граѓанската војна во Грција.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Негови најпознати романи се: „Луѓе и волци“, „Ѕидови“, „ Црно семе “, „Змиски ветар“, „Време на молчење“, „Црвениот коњ“, „Рамна земја“, „Исчезнување“; и тие всушност претставуваат една целина, како дело во продолженија.
Црно семе
Во низата романи за судбината на Македонецот од егејскиот дел; мотивот на прогонот, насилството и теророт е даден во романот „ Црно семе “.
Темата на романот е судбината на група Македонци, затвореници на еден пуст остров во Егејското Море.
Идејата е дека никакви насилства, физичка и психичка тортура не можат да го скршат човековото достоинство и да му го погазат чувството за национална припадност.
Времето на случување е Граѓанската војна во Грција, крајот на четириесеттите години од 20 век (нешто по Втората светска војна).
За основа на фабулата е земен конкретен настан: кон крајот на Граѓанската војна монархистичката власт изделува една група војници – комунисти и Македонци кои ги обвинува за работење против тој режим. Ги носат на пуст остров за да ги превоспитаат.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Прочитај повеќе за романот „Црно семе“ на следнава ВРСКА.