Ташко Георгиевски

 

Ташко Георгиевски

(15.3.1935-13.4.2012)

Ташко Георгиевски е роден 1935 година во с. Крончилево, Воденско, Егејска Македонија. Неговото творештво е целосно преокупирано со егејската тема, односно со прогонот и ужасната судбина на македонскиот народ од Егејска Македонија по Граѓанската војна во Грција.

Негови најпознати романи се: Луѓе и волци“, Ѕидови“, „ Црно семе “, Змиски ветар“, Време на молчење“, Црвениот коњ“, Рамна земја“, Исчезнување“; и тие всушност претставуваат една целина, како дело во продолженија.

 

Црно семе

 

Во низата романи за судбината на Македонецот од егејскиот дел; мотивот на прогонот, насилството и теророт е даден во романот „ Црно семе “.
Темата на романот е судбината на група Македонци, затвореници на еден пуст остров во Егејското Море.
Идејата е дека никакви насилства, физичка и психичка тортура не можат да го скршат човековото достоинство и да му го погазат чувството за национална припадност.
Времето на случување е Граѓанската војна во Грција, крајот на четириесеттите години од 20 век (нешто по Втората светска војна).
За основа на фабулата е земен конкретен настан: кон крајот на Граѓанската војна монархистичката власт изделува една група војници – комунисти и Македонци кои ги обвинува за работење против тој режим. Ги носат на пуст остров за да ги превоспитаат.

 


Прочитај повеќе за романот „Црно семе“ на следнава ВРСКА.
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература
Прирачник за матура по македонски јазик и литература
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература, прилагодено на новите матурски програми.
Додај во кошница
Scroll to Top