Дијалектен и литературен (стандарден) јазик се две пројави на националниот јазик.
Дијалектен јазик (народен говор)
Дијалектот е јазик што го говори група луѓе географски одделена од друга група луѓе. Освен географски, таа група луѓе е поврзана историски и општествено.
Група дијалекти образуваат дијасистем. Тоа претставува целина од дијалекти со речиси иста структура.
Македонскиот дијасистем го сочинуваат три поголеми групи наречја: западно, југоисточно и северно (според Божидар Видоески). Тие, пак, содржат голем број дијалекти.
Стандарден (литературен) јазик
Стандардниот јазик е официјалното средство за комуникација на една нација.
Кај нас термините стандарден и литературен се употребуваат со исто значење.
Стандарден (литературен) јазик е:
– јазикот што официјално се употребува во уметничката и научната литература, во администрацијата, во училиштата, во медиумите итн.;
– јазикот што има пропишана норма за употреба;
– што го знаат сите припадници на една нација и тој ги обединува;
– што е изграден врз основа на еден дијалект или група дијалекти и претставува наддијалектна форма.
Од дијалектниот се создава стандардниот (литературниот) јазик, но тој постојано се збогатува и обновува од дијалектниот. Затоа, тие се во постојан заемен однос.
Прочитај за:
Национален (општонароден) јазик