Македонскиот јазик му припаѓа на индоевропското семејство во групата на словенските јазици.
Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици се наоѓа во источната подгрупа, заедно со бугарскиот јазик.
Западната подгрупа на јужнословенските јазици ја сочинуваат: босанскиот, словенечкиот, српскиот, хрватскиот и црногорскиот јазик.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Значи, местото на македонскиот јазик е: индоевропско семејство — словенски јазици — јужна група — источна подгрупа.
Индоевропски јазици
Индоевропското семејство јазици е многу големо. Во него има повеќе од 440 јазици. Затоа тоа е поделено на многу групи и подгрупи.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Во индоевропското семејство спаѓаат поголемите групи:
- Албански јазик
- Анадолски јазици
- Ерменски јазик
- Балтички јазици
- Келтски јазици
- Германски јазици
- Грчки јазик
- Индоирански јазици
- Италски јазици
- палеобалкански јазици
- Словенски јазици
- Тохарски јазици
Албанскиот и грчкиот јазик немаат сродни јазици, тие се единствени претставници на својата група.
Словенски јазици
Словенската група јазици се дели на: западни, источни и јужни. Сите тие потекнуваат од прасловенскиот јазик:
- Западнословенски јазици
- Горнолужички јазик
- Долнолужички јазик
- Кашупски јазик (поморски јазик)
- Полапски јазик
- Полски јазик
- Словачки јазик
- Чешки јазик
- Источнословенски јазици
- Белоруски јазик
- Русински јазик
- Руски јазик
- Украински јазик
- Јужнословенски јазици
- Босански јазик
- Бугарски јазик
- Македонски јазик
- Словенечки јазик
- Српски јазик
- Хрватски јазик
- Црногорски јазик
Македонскиот спаѓа во јужнословенските јазици.
Во новите поделби и јужнословенските јазици се поделени на две подгрупи: источни и западни. Македонскиот, заедно со бугарскиот спаѓаат во источната подрупа на јужнословенските јазици (источнојужнословенска подгрупа), а сите останати во западната подгрупа.
Местото на македонскиот јазик е во: индоевропско семејство — словенски јазици — јужна група — источна подгрупа.
Карактеристики на македонскиот јазик
Македонскиот јазик, спаѓа во словенските јазици, но, исто така, спаѓа и во балканските јазици.
Особини по кои македонскиот се разликува од останатите словенски јазици се:
- немање падежи, односно деклинација. Различните граматички односи на именските зборови се определуваат со предлозите. На пример: на куќата, за куќата, во куќата, под куќата, со куќата итн.;
- третосложен определен и динамичен акцент; се поместува за секогаш да се најде на третиот слог од крајот на зборот кај третосложните и повеќесложните зборови (тет`-рат-ка; тет-рат`-ка-та);
- удвоен предмет (него го видов; нему му реков; неа ја видов, нејзе ѝ реков);
- глаголски конструкции со ИМА/НЕМА (имам јадено; немам јадено);
- минато време со помошниот глагол СУМ + глаголска придавка (не сум ручан);
- минато-идно време (Ќе го гледав филмот да не заспиев.)
- Почетоци на словенската писменост
- Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици
- Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови) – прва половина на 19 век
- Македонскиот јазик во средината на 19 век (Учебникарската дејност)
- Македонскиот јазик во втората половина на 19 век
- Лозарите – претходници на Мисирков
- Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“ (почеток на 20 век)
- Македонскиот јазик меѓу двете светски војни
- Македонскиот јазик за време на НОБ
- Улогата на Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот јазик
- Развој на македонскиот гласовен систем
- Развој на македонскиот граматички систем