А. Одредена бројност
1. Меѓу броевите што ја изразуваат одредената бројност со своите форми се издвојуваат еден и два по тоа што имаат форми за род.
еден (м.р) една (ж.р.) едно (ср.р)
два (м.р.) две (ж.р.) две (ср.р.)
Бројот еден, освен бројното развил и друго значење, односно се јавува во улога на заменка.
На пр.: Некој човек – еден човек.
Со вакво значење тој образувал и множина.
На пр.: Едни луѓе.
а) Прости зборови се броевите од еден до десет и бројот сто.
б) Броевите: нула, илјада, милион, милијарда, билион, се прости зборови, и иако означуваат бројност (количество) тие се однесуваат како именки.
2. Од простите зборови по пат на придодавање и срастување се добиени сите други броеви – сложените зборови.
дваесет, триесет, четириесет, педесет, шеесет, седумдесет, осумдесет, деведесет.
двесте, триста, четиристотини, петстотини, шестотини, седумстотини, осумстотини, деветстотини.
единаесет, дванаесет, тринаесет, четиринаесет, петнаесет, шеснаесет, седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет.
дваесет и еден, дваесет и два, педесет и четири, деведесет и девет;
сто и еден, двесте седумдесет и пет, осумстотини и два.
На пр.: сто дваесет и една клупа; илјада и еден човек.
На пр.: Врати ми ги стоте денари.
Стотките се членуваат различно: стоте, двестето, тристата, четиристотините, петстотините, шестотините, итн.
Б. Одредена бројност за лица
За означување број на лица од машки род се употребуваат специјални бројни форми изведени од простите броеви:
двајца, тројца, четворица, петмина, шестмина, седуммина, осуммина, деветмина итн.
Овие броеви се членуваат: двајцата, тројцата, четворицата, петтемина, шестемина, седумтемина, осумтемина, деветтемина.
(Членот стои по бројот, а не по суфиксот -мина.)
В. Приближна бројност
1. Приближната бројност обично се искажува така што ќе се сврзат и ќе се изговорат со еден акцент два соседни броја.
На пр.: три-четири, пет-шест.
На пр.: два-тринаесет, три-четириесет.
Но, кај некои броеви е необично ваквото сврзување, па затоа се изговараат поединечно.
На пр.: единаесет-дванаесет, четириесет-педесет.
На пр.: десетина, дваесетина, стотина.
6 – шест (членувано: шесте); 16 – шеснаесет (чл. шеснаесетте); 60 – шеесет (чл. шеесетте); 600 – шестотини (чл. шестотините); за лица 6 – шестмина (чл. шестемина).
Вежби:
1. Кои од следните зборови се броеви?
еден, еднаш, единица, едно, една, единаесет, единаесетмина, прв, првпат, два, две, двајца, двојка, два-три, дванаесет, дваесетина, дваесетмина, втора.
2. Напиши ги со зборови следниве цифри: 16, 99, 666, 1285, 53 721, 452 880.
3. Членувај ги следните броеви: шест, осуммина, тринаесет, деведесет и пет.
4. Напиши бројност за лица од следните броеви: 7, 12, 50, 65
5. Напиши ја со зборови приближната бројност:
5-6, 12-13, 30-40, околу 50, 200-300, 3000-4000