Библијата и црквата извршиле многу силно влијание врз човекот. Со векови човекот бил притиснат да го живее животот на земјата под силни црковни норми, да работи и страда, а како награда за земните откажувања да го добие вечниот – задгробен живот.
Ова силно влијание на црквата, секако имало одраз врз уметничките создавања. Ова е десетвековното апстинирање од уметнички израз, средниот црн век, времето на инквизицијата.
Секое и најмало пројавување на уметност, наука или каков било напредок било казнувано со смрт – палење на клада.
Во Европа средниот век го опфаќа периодот од V до XV век, а кај нас (во Македонија) тоа е од IX до XVIII век.
Литературата што се создавала во овој период е тесно поврзана со христијанството.
Во средновековна литература најзастапена била пригодната црковна литература:
3. Хагиографија (житие) – биографија на светец, црковен великодостојник и аскет.
Освен ваквата, строго црковна литература – канонска (литература што правилно ги учела луѓето на христијанската религија), имало обиди за создавање и уметничка литература:
4. Јуначки епови – народни творби: „Песни за Сид“ (Шпанија), „Песни за Роланд“ (Франција), „Песни за Нибелунзите“ (Германија), „Слово за походот Игорев“ (Русија), „Песните за Крале Марко“ (кај нас).