Кирил Пејчиновиќ
(1771-1845)
Епитаф на Кириловиот гроб
Теарце му негово рождение,
Пречиста и Хиландар посрижение,
Лешок му е негоо воспитание,
Под плочава негоо почивание —
От негово свое отшествие
До Христово второ пришествие.
Молит вас, браќа негои љубимија,
Хотјашчија прочитати сија.
Да речете: Бог да би го простил,
Заре у гроб црвите ги гостил
Кирил.
Овде лежи
Кирилово
тело,
У манастир
и у Лешок
село –
Да бог за
доброе
дело.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
За животот на Пејчиновиќ
Творештвото на Пејчиновиќ
- „Огледало“ е требник, прирачна книга за свештениците која ја користеле при вршењето на црковните обреди. Содржи неколку молитви и прозни текстови за различни обреди и една голома проповед – „Слово за празниците“. Молитвите и црковните текстови се напишани на црковнословенски јазик, а „Словото“ на народен јазик – тетовски говор.
- „Утешение грешним“ – содржински е продолжение на „Огледало“. Немал средства да ја отпечати, но на крај своите заштедени пари ги дал за обнова на печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун, каде 1840 година е отпечатена книгата , а Синаитски напишал пригоден „Предговор“.
- „Житие кнеза Лазара“ е книшка за животот на кнезот Лазар, кој го сметал за основач на Лешочкиот манастир.
- „Епитаф“ – е последно негово дело, но и прв обид да се изрази во стихови. „Епитафот“ нема уметничка вредност, но тоа е првата песничка напишана на македонски народен јазик.
Запомни!
Пејчиновиќ е роден во село Теарце, Тетовско, а се школувал во манастирот Св. Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора, каде се закалуѓерил.
Го обновил Марковиот манастир близу Скопје каде живеел дваесетина години. Таму отворил училиште и ја збогатувал библиотеката.
Потоа отишол во Лешок, каде ја продолжил дејноста, го обновил тамошниот манастир Свети Атанасија, отворил училиште и ја збогатувал библиотеката.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.550 денCurrent price is: 550 ден. Додај во кошница
Ги напишал и делата: „Огледало“, „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“, првата песничка на народен македонски јазик, кој е врежан на неговата надгробна плоча.
Слово за празниците
(од книгата „Огледало“)
„Слово за празниците“ е оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на народен јазик, тетовски говор.
Темата е празнувањето на христијанските празници, а идејата – како да се поправат грешките при празнувањето.
(Прочитај извадоци од текстот „Слово за празниците“)
Во овој текст, за разлика од традиционалните црковни проповеди каде примерите се земени од светите книги, Пејчиновиќ примерите ги зел од секојдневниот живот на селаните.
Освен тоа, во текстот има и дијалози во кои зборуваат селаните што за првпат се сретнува во нашата литература и тоа во книга наменета за црковна богослужба. Затоа, овој текст дава слика за положбата и начинот на живот на нашиот народ во почетокот на XIX век.
На почетокот од текстот авторот ги потсетува луѓето на нивните христијански должности и дава совети како да се празнуваат празниците: Водици, Прочка и Велигден.
Тој ги истакнува негативните појави: суеверието (носењето амајлии) и курбанот (принесување жртви), кои се спротивни на христијанските обичаи.
Понатаму, го критикува непочитувањето на постот, прекумерното пијанчење, невоздржаноста и примитивноста на селаните. Но, не се задржува само на нив. Ја критикува и примитивноста и неукоста на поповите кои наместо да бидат духовни водачи на народот, станале негови ограбувачи.
Целта на Пејчиновиќ не била да им се потсмева, туку да ги насочи на вистинскиот пат и селаните и поповите. Затоа вели: „…да живуемо како браќа, еден за другаго да се молимо, еден другаго да жалимо, еден другому да помажемо, еден другому тежина да носимо…“
Најголемото значење на овој текст е тоа што е напишан на народен македонски јазик, на тетовски говор. Тој нема уметничка вредност, туку историска.
Запомни!
„Слово за празниците“ е поучен, оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на народен јазик, тетовски говор, во што е и неговата вредност. Текстот нема уметнички кавлитети, но има големо историско значење.
Темата е празнувањето на христијанските празници, а идејата – како да се поправат грешките при празнувањето.
Своите поуки за однесувањето на луѓето за време на празниците ги дал преку примери од секојдневниот живот, па дури вметнал и дијалози.
Пејчиновиќ ги истакнува негативните појави: суеверието, курбанот, непочитувањето на постот, прекумерното пијанчење, невоздржаноста и примитивноста на селаните. Ги критикува и поповите, нивната неукост и алчност, кои наместо да бидат духовни водачи, станале ограбувачи на народот. Но целта на Пејчиновиќ не била да се потсмева, туку да поучува.