Сивус Едукативниот и Развоен Центар и оваа година го одржува својот традиционален „Challenge Day“.
Настанот ќе се одржи во просториите на СЕДЦ на 7 април, од 15:00 до 18:00 часот.
Оваа година концептот е малку поразличен, и наградите се многу повисоки и помотивирачки. Имено, СЕДЦ за овој настан обезбеди фонд од 25.000 евра и истиот ќе биде распределен помеѓу најдобрите и најталентирани учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик.
Стипендии ќе се доделуваат за следниве академии:
- Computer Networks and IT Operations
- Security Specialist
- Мануелно и автоматско тестирање
- Графички дизајн
- Гејм-дизајн
- Веб-дизајн
- Академија за програмирање – Скопје
- Академија за програмирање – Охрид
- Data Science
- Академија за дигитален маркетинг
Прашањата се на англиски јазик и истите се избрани согласно насоката, дел поспецифични, но и општи и логички поврзани со предметите што ќе се изучуваат на Академиите. Секој учесник има право да се тестира само за една насока од СЕДЦ Академиите.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Сите заинтересирани што сакаат да ја почнат или да ја пренасочат својата кариера во некоја од најплатените IT-индустрии, своето учество можат да го пријават на следната врска:
https://forms.gle/8NV6oc5KRNXYtCZK8
ПР текст