Виктор Иго е познат светски писател од Франција, претставник на романтизмот. Се смета за еден од симболите на Франција, затоа неговиот лик се наоѓал на француската банкнота од пет франци.
За животот на Виктор Иго
Виктор Иго потекнувал од угледно републиканско семејство. Бил роден 1802 година во Безансон, а починал во Париз 1885 година.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Неговото детство било исполнето од многу политички превирања во Франција, како и од сосема спротивните политички и верски светогледи на неговите родители. Татко му бил генерал во Наполеоновата војска, републиканец, поради што многу патувал. Затоа мајката решила да го остави и да се врати во Франција. Таа, пак, била посветен католик и приврзаник на монархијата, ројалист.
На почетокот Виктор, под влијание на својата мајка пишувал песни посветени на кралот, но подоцна го сменил својот став и станал републиканец.
Неговата детска љубов од соседството, Адел Фуше, била единствена жена со која сакал да се ожени. Мајка му не ја одобрувала таа врска. За да ја испочитува, тој тајно се свршил со Адел, но се оженил со неа дури по смртта на мајка си.
Адел родила пет деца. За жал, првото синче починало уште како бебе, а неговата омилена ќерка Леополдина, се удавила во Сена веднаш откако се омажила, на деветнаесетгодишна возраст.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Уште со издавањето на првите две збирки песни, на 23-годишна возраст, Иго бил признат и познат во Франција. Неговото мислење се почитувало и во политиката. Тој бил против смртната казна, социјалната неправда и се залагал за слобода на печатот. Но кога Луј Наполеон ја презел власта и донел антипарламентарен устав, Иго го напуштил Париз. Ќе биде 20 години во прогонство на островот Џерси (во Ламанш, меѓу Франција и Британија).
По промената на власта, Иго во 1870 се вратил во Париз, а народот го прогласил за народен херој.
За краток период по неуспешните избори за Народното собрание, следеле лоши настани. Тој добил мал мозочен удар, ја доживеал опсадата на Париз, неговата ќерка завршила во душевна болница, а починале и неговите два сина.
Во 1881 година, Иго го прославил својот 79 роденден. Во чест на тоа му била направена голема прослава, со најголемата парада во француската историја.
Виктор Иго умрел на 83 години и бил погребан во Пантеон. На неговиот погреб присуствувале повеќе од два милиони луѓе.
Книжевно творештво
Во светот, Виктор Иго е познат по своите два романа: „Богородичната црква во Париз“ и „Клетници“.
Но, во Франција тој е почитуван пред сѐ како поет.
Неговата прва збирка песни „Нови оди и други песни“ била објавена во 1824, кога Иго имал 23 години, и му донела кралска плата од Луј XVIII. Следната збирка, објавена во 1826 „Оди и балади“ го открила Иго како голем и одличен поет, мајстор за лирски песни. Неговото поетско творештво е обемно, над 200 000 стиха.