За животот на Шарл Бодлер

Шарл Бодлер (1821-1867) е претходник на симболизмот и со него започнува модерната литература.
Бодлер е роден во Париз, 1821 година. Рано останал без татко, кого мајката брзо го заборавила и се омажила за друг. Очувот бил од вишите аристократски кругови и добро го прифатил Шарл, но тој се чувствувал гневно и навредено, па постојано ѝ префрлал на мајка си.
Студирал правни науки, но повеќе ќе му се оддаде на боемскиот живот отколку на учењето.
-
Македонски Јазик
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература
Original price was: 850 ден.690 денCurrent price is: 690 ден. Додај во кошница
Тој целосно ќе му се предаде на чувството на осаменост и потиштеност. Мајка му сакајќи да го излекува го испратила на пат во Индија. Тој не стигнал до таму, туку се вратил во Париз, каде го продолжил својот несреќен живот.
Цвеќиња на злото
Песните се поделени во тематски циклуси: „Сплин и идеал“, „Париски слики“, „Вино“, „Цвеќињата на злото“, „Побуна“, „Смрт“ итн.
Бодлеровиот сплин ја означува здодевноста, чмаењето и маката на живеењето, но и некоја магличава присутност во која се губи духовната јасност на погледот.
(„Патување“)
-
Македонски Јазик
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература
Original price was: 850 ден.690 денCurrent price is: 690 ден. Додај во кошница
Бегајќи од сплинот на животот тој е во потрага по непознатото — чудесно ново. За него не е важно каде ќе го најде, од каде ќе дојде (од рај или пекол) — важно е да дојде до неа — до убавината.
(„Химна за убавината“)
Албатрос
Луѓе од бродот, често, за забава ги ловат
албатросите, птици што в морска шир се сами,
и што со големи крила рамнодушно пловат
над лаѓата што се лизга над горчливи јами.
Но кога ќе се најдат врз палубните штици
тие кралеви на ширта, до пред малку сјајни,
ќе станат одеднаш смешни и несмасни птици,
а крилата бели жално ќе се влечат крај нив.
Тој крилат патник сега колку станал беден!
Тој, некогаш толку убав, колку е грд вака!
Со своето луле клунот му го дразни еден,
куцајќи, друг летачот го подражава сакат!
Како принц на облаците поетот се крева,
се подбива со стрелецот и низ луња броди,
но штом е спуштен на земја, среде џган и врева,
неговите крила на џин му пречат да оди.
-
Македонски Јазик
Најново, петто издание на прирачникот за матура по македонски јазик и литература
Original price was: 850 ден.690 денCurrent price is: 690 ден. Додај во кошница
