е-тест
Е-тест е забавна и едноставна форма за проверка на знаењата по македонски јазик и литература.
Во е-тестовите има прашања од јазик (граматика) и литература (теорија, историја) кои со години наназад биле поставувани на матурските тестови или слични на нив.
Со решавање на e-тест полесно ќе ги совладате темите опфатени со испитната програма за државна матура.
По завршување на решавањето веднаш ги добивате резултатите со освоени поени и оценка. Исто така, може да видите каде сте погрешиле и да го видите точниот одговор. На тој начин ќе го научите и она што не сте го знаеле.
Тестот може да го решавате безброј пати, се` додека не го совладате материјалот.
Среќно!