Политика за приватност
Тимот кој ја одржува интернет страницата https://makedonskijazik.mk/, почитувајќи ги одредбите од Законот за заштита на личните податоци и слични прописи е посветен на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на оваа страница.
Домен на применливост
Oваа политика за приватност се однесува исклучиво на интернет страниците чии единствени интернет адреси (URL) започнуваат со текстот https://makedonskijazik.mk/, освен ако на самата страница не е поинаку определено со специфична политика за приватност.
Какви податоци се прибираат, за која цел и колку се чуваат?
При посетата на интернет страницата која е предмет на оваа политика за приватност не се прибираат никакви лични податоци!
По исклучок
на страницата https://makedonskijazik.mk/category/е-тест која претставува портал за пристап кон системот за е-тест се евидентираат сите успешно решени тестови на системот и притоа се евидентира:
- име
- е-mail
- датум и време на обид за решавање
- IP адреса од која е пристапено
Периодот на чување на овие податоци е 6 месеци;
Дополнително, за секој поединечен пристап на определен дел на интернет страницата https://makedonskijazik.mk/ се водат записи (логови) кои содржат: точна адреса на страната на која е пристапено, датум и време на пристапот како и IP адреса од која е извршен пристапот. Овие записи се чуваат еден месец.
Колачиња на Интернет пребарувачот
Интернет страницата https://makedonskijazik.mk/ користи колачиња (cookies) за да се зачуваат определени кориснички поставувања за поедноставување на интеракцијата со поедини делови на страницата. Тие во секој момент можат да бидат избришани од пребарувачот на посетителот. Колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страницата во некои случаи (е-тест).
Објавување лични податоци
На интернет страницата https://makedonskijazik.mk/ не се објавуваат лични информации.