Божествена комедија – Воведна песна (анализа)

Во првиот дел од „Божествената комедија“, е опишан пеколот кој Данте го претставил како инка.

Круговите на инката се стеснуваат како што се зголемуваат гревовите на луѓето. Во центарот на земјата, во деветтиот круг се наоѓа Луцифер.

Вергилиј го поведува Данте во Пеколот на чиј влез пишувало:

Засекогаш откажи се од надеж.

 

Прочитај ја целата Воведна песна.

 

Анализа на Воведна песна од „Божествената комедија“

 

На почетокот од епот Данте дава податоци за нараторот (за себе), дека е на средината од животот (35-годишен според тогашните сфаќања) и дека е заскитан во темна шума што го симболизира неговото беспаќе (протеран од родниот град) и неговите заблуди (дека со политика може да го промени општеството во кое живеел).

Шумата ја симболизира и самата Фиренца, односно општествено-политичката положба во која се наоѓала. Заблудите и грешките не му дозволуваат да го најде вистинскиот пат (изгубен е), а искачувањето на ридот (симбол на душевниот мир и блаженство) е тешко, непроодно и полно со пречки.


Пречките се повторно претставени преку симболични слики. Прво го сретнува пантерот кој ја симболизира зависта, но и Фиренца.


Потоа го сретнува лавот, кој ја симболизира гордоста, но и Франција (која и попречувала на Италија).


И на крајот ја сретнува волчицата која го симболизира среброљубието, алчноста по пари, но и папите.


Спас од беспаќето и дивите животни му праќа Беатриче во ликот на Вергилиј, кој ќе го поведе Данте и ќе биде негов постојан придружник, водач, помошник и толкувач на стравотиите што следуваат.


*Илустрациите се на Густав Доре (познат француски уметник кој има направено илустрации за Библијата, Дон Кихот и др.)

Scroll to Top