Лексикологија е дел од лингвистиката што го проучува составот на зборовите на еден јазик. Таа се дели на повеќе поддисциплини:
1. Семантика (за значењето);
2. Етимологија (за потеклото);
3. Лексикографија (за речниците);
4. Фразеологија (наука за постојани зборовни состави – фразеологизми).
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
ЗБОРОТ има своја форма и содржина, што значи своја граматичка и своја лексичка страна. Лексикологијата се занимава со лексичката, односно содржинската страна на зборот.
Да го земеме за пример зборот м а с а. Според формата, тој збор е составен од четири гласа кои се означуваат со соодветни знаци од азбуката.
„М а с а“ е именка од женски род во еднинска форма. Може да ја членуваме и да го смениме бројот (масата, масава, масана, маси, масите) итн. Овие граматички карактеристики се неговата надворешна стана.
Но, во свеста на човекот, кога ќе го кажеме зборот „маса“, веднаш се создава слика за предметот што го означува и ние го сфаќаме значењето на зборот. Тоа е содржината на зборот, неговата внатрешна – лексичка страна.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
Од темата ЛЕКСИКОЛОГИЈА прочитај ги следните написи:
Лексиката според процесот на обновата