Почетна » глаголска именка » Загради ( ) [ ]

Загради ( ) [ ]

Загради ( ) се интерпункциски знак. Но, заградите ( ) [ ] се користат и како правописен знак. 

Интерпункциски знак

Како интерпункциски знак заградите се користат:
  • при пишување на оние зборови, изрази или цели реченици кои дообјаснуваат нешто, како појаснување, забелешка, прашање и др. во врска со претходниот дел од реченицата;

На пример: Тој бил во градот Малме (Шведска).

Ми кажа дека нема да дојде (можеш да замислиш!?) зашто немал време.

  • за забелешките (дидаскалиите, ремарките) во драмите.
На пример: Лиле (влегува од левата страна): Добар ден!
  • во состав на реченица каде стои прашалник или извичник за да се нагласи личниот став на говорителот, кон еден дел или целата реченица;

На пример: Му кажале дека треба да си оди (?) зашто имал различен став од нивниот.

 

Правописен знак

 

Заградите како правописен знак се пишуваат:

 

  • да се загради делот од зборот што може да се изостави, при што се добива алтернативна форма на зборот;

На пример: касап(ин), насмев(ка), Арап(ин).

  • да се загради делот од зборот што се изоставува, при што се укажува на два различни збора што имаат некој заеднички значенски дел;

На пример: (се)вкупно, (секој)дневно.

  • при набројување се користи вториот дел од заградата кај буквата или бројката;

На пример:

Во таа насока ги издвојуваме: а) употребата на зеленчукот во жива форма и б) во сварена форма.

  • заградите ( ) и [ ] ги употребуваме кога внесуваме текст кој веќе е во загради. Ги комбинираме едните и другите загради.

На пример: (Поставување цели во оваа [поодмината] фаза на проектот е залудна.)

Scroll to Top