Правописни и интерпункциски знаци се знаци кои се користат во различни функции.
Интерпункцијата претставува систем од писмени знаци со кои се означуваат почетокот и крајот на речениците; границата и односите меѓу дел-реченици и меѓу реченични членови; интонацијата, темпото и паузите при зборувањето.
Интерпункцијата ги опфаќа и правилата за употреба на интерпункциските знаци.
Правописните знаци служат за разбирање на конкретен збор или група зборови во реченицата.
Некои знаци се користат и како правописни и како интерпункциски.
Во реченицата се среќаваат следниве интерпункциски знаци: точка (.), запирка (,), прашалник (?), извичник (!), точка и запирка (;), две точки (:), три точки (…), загради – заоблени и квадратни ([]), црта (тире) (—), наводници („“) и полунаводници (‘’).
Дел од интерпункциските знаци се користат и како правописни. Tука спаѓаат: точка (.), запирка (,), две точки (:), црта (тире) (—), цртичка (-), апостроф (’), коса црта (/), загради, ѕвездичка (*), надреден знак (`), акцентски знак (´), белина (празно место) и др.
Правописните знаци служат за разбирање на конкретен збор или група зборови во реченицата.
На пример:
Бидејќи се разликуваат во своето значење, зборовите не и нè ги пишуваме различно.
Не ја означува негацијата и служи за одречни форми.
Нè ја означува кратката заменска форма од личната заменка за означување директен предмет (акузатив) во прво лице множина.
Надредниот знак, односно цртичката од лево кон десно над самогласката е, е правописен знак.
Прочитај и за:
- Употреба на голема буква
- Слеано и разделено пишување на зборовите
- Делење на зборот на крајот од редот
- Скратеници и скратување на зборовите
- Пишување на гласовите
- Пишување датуми
- Римски систем за бележење броеви
- Жители на населени места
- Составување тестови
- Знаци за директен говор