Почетна » глаголска именка » Морфосинтакса

Морфосинтакса

Морфосинтакса е поддисциплина на лингвистиката.

Неа ја сфаќаме како премин од морфологијата кон синтаксата. Заедничкото на тие две науки е дека се занимаваат со збороформите. Морфологијата со стуктурата на збороформите, а синтаксата со нивната способност да воспоставуваат врски со други збороформи и со нив да формираат синтаксички единици.

Според морфологијата, зборовите се делат на менливи и неменливи. Таму спаѓаат сите видови зборови: именки, придавки, заменки, броеви, глаголи (менливи); прилози, предлози, сврзници, честици, извици и модални зборови.

Според синтаксата, зборовите ги набљудуваме според нивната улога во реченицата. Вршителот на дејството е подмет, дејството е прирок, предметот е она што го трпи дејството итн.

Морфосинтаксата се занимава со функцијата на видовите зборови во реченицата.

На пример:

Функцијата на именката во реченицата може да биде: подмет, глаголско-именски прирок и дополнение (атрибут – на именката и предмет – на глаголот).

Функцијата на придавките во реченицата може да биде: подмет, дел од глаголско-именскиот прирок и додаток.

Всушност, секој вид збор си има своја функција во реченицата, а со таа проблематика се занимава морфосинтаксата.

 

Scroll to Top