За време на Втората светска војна и НОБ, во Македонија постоеле илегални печатници каде се печателе разни летоци, прогласи, манифести и брошури. Јазикот што е употребуван во овие материјали не е сосема изедначен, но очигледен е стремежот да се употребуваат централните говори.
Во печатницата во селото Горно Врановце, Велешко, 1944 година излегол од печат првиот број на весникот „Нова Македонија“.
Со сите историски насоки и стандардизации, како и примената на македонскиот јазик меѓу двете светски војни и за време на НОБ, на Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година, не било тешко да се донесе решението за воведувањето на македонскиот јазик за службен во македонската држава.
Тогаш е кодифициран македонскиот литературен јазик. Кодификација претставува официјално озаконување на литературниот јазик и негова практична примена.
.
2 август 1944
.
РЕШЕНИЕ
.
на Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
Член 1
Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик.
Член 2
Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот „Св.отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија.
Секретар: Љупчо Д. Арсов, с.р.Претседател: Методи Андонов-Ченто, с.р.
.
Президиумот на АСНОМ формирал комисија која требала да ја оформи македонската азбука и правопис. Првата комисија нецелосно ја завршила работата, па затоа била оформена втора комисија која своите ставови ги искажала во Резолуција на 3 мај 1945 година.
Резолуцијата била усвоена на 5 мај 1945 година.
- Почетоци на словенската писменост
- Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици
- Погледите за македонскиот јазик на Пејчиновиќ, Синаитски, Крчовски, Пулевски и Џинот (избор текстови) – прва половина на 19 век
- Македонскиот јазик во средината на 19 век (Учебникарската дејност)
- Македонскиот јазик во втората половина на 19 век
- Лозарите – претходници на Мисирков
- Погледите на К. П. Мисирков за македонскиот јазик — „За македонцките работи“ (почеток на 20 век)
- Македонскиот јазик меѓу двете светски војни
- Македонскиот јазик за време на НОБ
- Улогата на Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот јазик
- Развој на македонскиот гласовен систем
- Развој на македонскиот граматички систем