Мит и фолклор (извори на литературата)

 

Hајстари извори на литературата се митовите.

Мит е фантастична приказна, создадена во најдалечното минато во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток. Мит е народна приказна во која луѓето во недостаток на научни сознанија создавале фантастични објаснувања.

Митовите се всушност приказни за создавањето на земјата, небесните тела, човекот, животните итн.; тие се прв обид за толкување на стварноста, за природните феномени како менувањето на денот и ноќта, годишните времиња, грмотевицата итн.; тие се прв учебник за моралот и доброто однесување на човекот.

Митовите се поделени на:

— митови за создавање на космосот (редот) — космогониски митови;
— митови за настанокот на живиот свет;
— митови за настанокот на небеските тела;
— митови за крајот на светот — есхатолошки.

Митовите се сакрални (свети) творби, а не литературни, но им служат на литературните како богат извор на мотиви употребувани до ден-денес.
Разни народи со текот на времето создавале бројни митски приказни оформувајќи збир од митови наречен митологија.
Сите делови на светот имаат своја митологија, но најпознати се: египетската, сумерската, индиската, кинеската, старогрчката, римската и др.

Прочитај повеќе за старогрчката митологија на следнава ВРСКА.

Древнобалканската т.н. старогрчка митологија се смета за најразвиена. Таа е создадена во античко време и ни ги открива религиозните погледи на луѓето што живееле во околината на планината Олимп, нивното верување во многу богови, божици, полубогови и други измислени суштества како: кентаври, сатири, нимфи, сирени, чудовишта, џинови итн.
Прочитај ги најинтересните митови од грчката митологија за Дедал и Икар, Тантал, Сизиф, Орфеј и Евридика, Ахил, Одисеј, Едип, Парис (Митот за златното јаболко) на следнава ВРСКА.

 

Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и игра (ора), како и народната материјална култура — ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн.

Прочитај повеќе за народната литература на следнава ВРСКА.

Scroll to Top