Нивната основна служба е да ја определуваат именката (придавање кон именката) и затоа најчесто стојат непосредно пред неа.
Видови придавки
1. Квалитативните или описни придавки означуваат својство што се открива во предметот како таков, без поврзување со некој друг предмет.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
На пр.: добар, убав, мирен (коњ)
2. Односните (релативни) придавки означуваат својства што упатуваат на некој друг предмет.
На пр.: манастирски (се однесува, упатува на манастир) коњ.
-
Македонски Јазик
Прирачник за матура – НОВО ИЗДАНИЕ
Original price was: 700 ден.560 денCurrent price is: 560 ден. Додај во кошница
3. Бројните го означуваат односот на предметите по ред.
На пр.: прв, втор (коњ)
4. Заменските придавки се изведени од заменки и многу наликуваат на нив.
Разликуваме:
а) Присвојни заменски придавки
мој, моја, мое; мои; наш. наша, наше; наши
твој, твоја, твое; твои; ваш, ваша, ваше; ваши
негов, негова, негово; негови;
нејзин, нејзина, нејзино; нејзини.
нивни, нивна, нивни; нивни
како и: свој, своја, свое; свои
На пр.: Моето куче е помало од твоето.
Неговата куќа се наоѓа во населбата Црниче.
б) Заменски придавки со показно и квалитативно значење
ваков, ваква, вакво; вакви
таков, таква, такво; такви
каков, каква, какво; какви;
онаков, онаква, онакво; онакви;
секаков, секаква, секакво; секакви;
некаков, некаква, некакво; некакви;
никаков, никаква, никакво; никакви;
толкав, толкава, толкаво; толкави;
колкав, колкава, колкаво; колкави;
олкав, олкава, олкаво; олкави;
онолкав, онолкава, онолкаво; онолкави;
сиот, сета, сето; сите;
сам, сама, само; сами;
ист, иста, исто; исти;
друг, друга, друго; други.
На пр.: Таму доаѓаа секакви луѓе.
Не очекував таква реакција од негова страна.
Прочитај ги и следните написи за придавките:
- Граматички категории кај придавките
- Степенување на придавките
- Функцијата на придавките во реченицата
- Образување на придавките
- Вежби и задачи за придавките