Именки

Именки се менливи зборови што означуваат поим за некој предмет и за сето она што го мислиме опредметено.

Со именките се означуваат суштества, предмети, појави и поими.

 

Видови именки

 

Традиционално, именките се делат на:

1. Општи 

– оние именки што означуваат родов поим (еднородни предмети или суштества), имиња на предмети или суштества од кои има многу во светот (стол, табла, креда, човек, мачка, теле, град, река);
– го означуваат материјалот или составот (материјални) (железо, вода, сол, шеќер);
– означуваат множество еднородни предмети кои претставуваат целина (збирни). Иако означуваат множина тие се во еднинска форма (народ, население, мебел).

2. Сопствени 

– означуваат имиња на луѓе и животни (Јана, Драгица, Матеј, Арес),
– географски имиња (Вардар, Водно, Скопје),
– имиња на празници (Митровден, Осми март, Божиќ),
– имиња на институции (Средно градежно-гимназиско училиште „Здравко Цветковски“),
– имиња на уметнички дела, весници, емисии итн. („Крпен живот“, „Вечер“, „Ексклузив“),
– имиња на објекти (Камен мост, Кале, Соравија, Ресторан „Букет“).

* Сопствените именки се пишуваат со голема буква.

 

Според тоа, дали можеме да ги допреме предметите, односно појавите, разликуваме:

1. Конкретни именки – означуваат материјални предмети (маса, камен, дете, планина, чаша, вода итн.)

2. Апстрактни именки – означуваат неметеријални предмети (љубов, воздух, среќа, тага, омраза, ден, вторник, лето итн.)

 

Граматички категории кај именките

Именките имаат три граматички категории: род, број и член (определеност).

За именките прочитај ги и следните написи:

  1. Граматичките категории кај именките
  2. Образување на именките
  3. Вокативни форми кај именките
  4. Функцијата на именките во реченицата
  5. Задачи и вежби за именки

 


Scroll to Top