Сврзници се неменливи зборови кои поврзуваат други зборови или цели реченици во составот на сложената реченица.
На пр.: Јас и ти ќе одиме кај него. (зборови)
Тие отидоа и по пет минути се вратија. (реченици)
Видови сврзинци
1. Сврзниците според составот се делат на:
а) прости – составени од еден збор : и, а, но, ама, или, да итн.
б) сложени – составени од два или повеќе збора : за да, макар што, поради тоа што итн.
2. Според тоа какви реченици поврзуваат се делат на:
А. Приредени (во независносложените реченици) сврзници
а) Составни: И, НИ, НИТУ, ПА, ТА, НЕ САМО ШТО – ТУКУ И;
б) Спротивни: А, НО, АМА, ТУКУ, АМИ, МЕЃУТОА;
в) Разделни: ИЛИ, ИЛИ-ИЛИ, БИЛО-БИЛО, ДЕ-ДЕ, И-И, ЕМ-ЕМ, ЧАС-ЧАС, НИ-НИ;
г) Исклучни: САМО, САМО ШТО, ОСВЕН ШТО, ЕДИНСТВЕНО;
Б. Подредени (во зависносложените реченици) сврзници
а) Временски: КОГА, ШТОМ, ШТОТУКУ, ТУКУШТО, ОТКАКО, ОТКОГА, ПРЕД ДА, ДУРИ, ДОДЕКА;
б) Причински: ЗАТОА ШТО, ЗАШТО, БИДЕЈЌИ, ПОРАДИ ТОА ШТО, ДЕКА, ОТИ;
в) Последични: ТАКА ШТО, ТОЛКУ…ШТО, ТАКВИ…ШТО, ТАКА…ШТО;
г) Целни: ДА, ЗА ДА;
д) Условни: АКО, ДА, БЕЗ ДА, ЛИ;
ѓ) Допусни: ИАКО, МАКАР ШТО, И ПОКРАЈ ТОА ШТО, И ДА;
е) Начински: ТАКА КАКО ШТО, КАКО ДА, КАКО БОЖЕМ;
ж) Односни: ШТО, КОЈ, КОЈШТО, ЧИЈ, ЧИЈШТО, КАКОВ ШТО, КОЛКАВ ШТО;
з) Исказни: ДЕКА, ОТИ, КАКО, ШТО, ДА, ДАЛИ, КОЈ, ЧИЈ, КОГА.
За употребата на подредените сврзници во зависносложените реченици (од темата синтакса) повтори и вежбај со е-тест:
Прочитај повеќе за неменливите зборови на следнава ВРСКА.
Од темата морфологија прочитај и за:
- Морфологија
- Делови на зборот
- Морфема -видови морфеми
- Збороформа
- Морфолошка поделба на зборовите
- Времињата во македонскиот јазик
- Глаголски групи и раздели
- Граматички категории кај глаголите
- Именски форми на глаголот
- Морфологија – именски зборови (матура)
- Морфологија – глаголи (матура)
- Морфологија – неменливи зборови (матура)
повторување и вежбање