Нелични глаголски форми
Именски форми на глаголот се прости глаголски форми (нелични глаголски форми).
Тоа се:
Глаголската л-форма нема самостојна употреба во реченицата. Со неа и со помошниот глагол СУМ и честичката БИ се градат некои сложени глаголски форми.
Се образува од несвршени и свршени глаголи и наставките: -л, -ла, -ло; -ле.
На пр.: викал, викала, викало; викале; носел, носела, носело; носеле; плетел, плетела, плетело; плетеле.
Глаголската придавка врши две служби: глаголска и придавска.
Кога е со помошниот глагол сум или има, глаголската придавка врши глаголска служба; а кога стои пред именката и е употребена како атрибут, тогаш врши придавска служба.
Се образува од глаголот и наставките: -н, -на, -но; -ни; и: -т, -та, -то; -ти.
На пр.: читан, читана, читано; читани; носен, плетен, миен, шиен;
ценет, ранет, пукнат, чукнат, паднат.
Имам плетено таков елек. (глаголска служба)
Таа носи плетен елек. (придавска служба)
Со глаголскиот прилог се искажува дејство кое се врши паралелно со некое друго дејство во реченицата.
Се образува од несвршени глаголи и наставката: – јќи
На пр.: читајќи, носејќи, викајќи, плетејќи, одејќи.
Одејќи кон училиштето го сретнав Митре.
Глаголската именка искажува трајно глаголско дејство.
Се образува од несвршени глаголи и наставката -ње.
На пр.: носење, викање, плетење, читање, седење, пиење, јадење.
Од некои свршени глаголи се образуваат глаголски именки со наставките: -ние, -тие.
На пр.: одделение, издание, решение, покритие.
Прочитај повеќе за глаголите на следните врски: